
За компанијата: Основана во 2010 година, Д.Мед Медикал е првата приватна специјална болница во Македонија по Нефрологија со дијализа. Како дел од германската групација D.med Healthcare, дадовме значителен придонес во македонскиот здравствен систем, особено за пациентите на кои им е потребна хронична дијализа.
повеќе за компанијата »ПЗУ Специјалната болница за нефрологија со дијализа Diamed е дел од D.Med Healthcare Group со седиште во Дизелдорф, Германија. D.Med Healthcare Group е глобален проваидер на медицински услуги и производи со посебен фокус на нефрологија со дијализата како и производи во други медицински области. Специјалната болница Диамед, како дел од групацијата обезбедува висококвалитетни услуги за дијализа за пациенти кои имаат бубрежни заболувања, бубрежна инсуфициенција и пациенти кои се на хронична програма за хемодијализа и хемодијафилтрација.
ПЗУ Специјалната болница Диамед располага со модерна биохемиска лабораторија која нуди лабораториски услуги за сите пациенти. Во 2016 година болницата успешно го имплементира системот за управување со квалитет и се стекна со Сертификат за квалитет според стандардот ISO 9001:2005, ICS, IQNET сертификат. За потребите на Специјалната болницата Диамед, имаме потреба од:
- ДИПЛ. Инжинер по мед. лабораториски дијагностика или Медицински лабораториски техничар со положен стручен испит (на определено време, со можност за продолжување)
ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:
- завршен ВСС/ Дипл. Инжинер по медицинско лабораториска дијагностика или
- завршено ССС/Медицински лабораториски техничар,
- положен стручен испит;
- претходно работно искуство ќе се смета за предност/но може да конкурираат и кандидати без претходно работно искуство
- познавање на работа со компјутер (Microsoft Office и Internet);
- познавање на англиски јазик (пишување и зборување),
ЛИЧЕН ПРОФИЛ:
- Професионален однос кон работата, одговорност и дисциплинираност,
- Почитување на правила и кодекс на работа,
- Внимателност и прецизност при работењето,
- Способност за индивидуална и тимска работа,
- Способност за преземање иницијатива и мотивираност за постојана едукација/надградба на знаењата,
- Процена на проблеми и решавање на проблеми, флексибилност како и висока работна етика
ШТО НУДИМЕ:
Конкурентско месечно примање, регрес за годишен одмор, можност за дополнителни едукации, позитивна работна атмосфера, тимска работа, каде што посветеноста, професионализмот и лојалноста се препознаени.
Огласот е отворен 15 дена. Дискреција на кандидатите е загарантирана и само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг ќе бидат повикани на интервју. Доколку сметате дека ги исполнувате погоре наведените услови, испратете ни ја Вашата биографија односно CV, на следниот е-маил: [најави се за да го видиш е-маилот]
Слични огласи »