Пакет Маркет ДОО лого

Спремачи на нарачки - Пикер во магацин

За компанијата: Paket.mk е најголемиот онлајн супермаркет во државата, кој ви овозможува избор на повеќе од 15.000 намирници достапни за достава истиот ден. повеќе за компанијата »

Активни огласи од Пакет Маркет ДОО:

Возачи - Доставувач - Магационер - Примач на роба

Најголемиот онлајн супермаркет во Македонија го проширува тимот и бара пикери – спремачи на нарачки – кои ќе работат во магацин во Пинтија, Скопје.

Што ќе работиш:

  • Селектирање и спремање на производи според нарачки на купувачи
  • Пакување и подготовка на нарачките за достава
  • Проверка на квалитет и точност на производите
  • Организација и одржување на ред во магацинскиот простор
  • Користење рачен скенер и апликација за процесирање на нарачки

💼 Што нудиме:

  • Очекувана нето плата: 30.000 – 42.000 денари
  • Редовна исплата и можност за месечни бонуси врз основа на учинок
  • Работа во современ и организиран магацин, со пријатни услови
  • Комплетна обука и поддршка за нови вработени
  • Целосно регулирано работно време (40 часа неделно)
  • Попуст за вработени

🕒 Работно време:

  • 5 работни дена неделно, распределени од понеделник до недела
  • Сменска работа, 8 часовни смени
  • Ротација на викенди и слободни денови

👤 Кого бараме:

  • Одговорна и организирана личност, со високо чувство за детали.
  • Подготвеност за физичка активност и работа во брзо темпо
  • Тимски дух и желба за учење
  • Претходно искуство во магацин или логистика е предност, но не е задолжително
  • Локација на работното место: Пинтија, Скопје (лесно достапна локација со јавен превоз или сопствено возило)

Аплицирај веднаш со пополнување на едноставниот формулар: https://paket.mk/info/kariera

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · hr вести · забава · здравје · hr совети · блог
барај огласи за вработување »