Мак Тренд Брокер лого

Административен работник

За компанијата:

Осигурително Брокерско Друштво МАК ТРЕНД БРОКЕР АД Скопје е е основано во 2014 година врз основа на Решение бр.  УП 07-2-1438 од 28.11.2014 година издадено од Агенција за супервизија во осигурувањето. Основна мисија на друштвото е професионална услуга и задоволство на клиентите.

повеќе за компанијата »

Административен работник во осигурително брокерско друштво

Осигурително брокерско друштво со седиште во Скопје има потреба од: Административен работник

Опис на работни задачи:

  • Водење и ажурирање на административна документација
  • Подготовка и обработка на договори за осигурување
  • Комуникација со клиенти и осигурителни компании
  • Архивирање и организација на документација
  • Поддршка на тимот во секојдневни активности
  • Работа со интерни системи и бази на податоци

Потребни квалификации:

  • Минимум средно образование (предност ќе имаат кандидати со високо образование)
  • Познавање на работа со компјутер (MS Office – Word, Excel)
  • Организираност, одговорност и внимание на детали
  • Комуникациски вештини и тимска работа
  • Познавање на англиски јазик (предност)
  • Претходно работно искуство во административна работа (предност, но не е задолжително)

Нудиме:

  • Стабилна работна средина
  • Можност за професионален развој
  • Редовни примања
  • Пријатна и динамична работна атмосфера
  • Работно време од 8:30 - 16:30

Сите заинтересирани кандидати можат да испратат своја биографија (CV) на:  [најави се за да го видиш е-маилот]

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · hr вести · забава · здравје · hr совети · блог
барај огласи за вработување »