
За компанијата: Компанијата е основана во 1991 год. во Скопје и иницијално се занимава со увоз и извоз на стоки од широка потрошувачка. Во 1996 год. за прв пат доби можност да врши увоз, дистрибуција и продажба на производите...
повеќе за компанијата »ДОСТАВУВАЧ со Б категорија
Работни задачи:
- Проверка на возило за достава пред секое заминување на пат,
- Утовар, транспорт, истовар и достава на производи на безбеден и навремен начин, според спецификација,
- Прифаќање на плаќања за испорачани производи и уплата на дневен промет во рок од 24 часа,
- Обезбедување на одлични услуги на клиентите, одговарање на прашања и известување на претпоставениот за жалби од клиенти,
- Почитување на доделена рута и временски распореди,
- Почитување на сите закони за транспорт и безбедно возење,
- Подредување, следење и контролирање на производи во продажни објекти/фрижидери според стандарди и договори на Алма-М,
- Имплементација на цени, маркетинг активности (летоци, акции, настани, ...) и нивно истакнување,
- Следење и известување за активности на конкуренција,
- Изготвување извештаи и нивно навремено доставување,
- Следење на залиха на продажни објекти/ фрижидери, следење на рокови на употреба и примена на ФЕФО методот,
- Поддржува и гради тимски дух и решава проблеми во интерес на работата.
Потребни квалификации и вештини:
- Поседување возачка дозвола Б – категорија,
- Минимум завршено средно образование,
- Флексибилност за работа на терен,
- Одлична комуникација,
- Професионално однесување,
- Организиран, мотивиран и стабилна личност,
- Динамичен, проактивен и насочен кон резултати,
- Способност за индивидуална и тимска работа,
- Позитивен однос кон промени.
Потребно искуство:
- Активен возач (минимум 2 години)
- Претходно работно искуство не е потребно
Сите што ги поседуваат горенаведените квалификации и вештини СЕ ПОКАНЕТИ ДА АПЛИЦИРААТ со нивната професионална биографија која може да ја достават на следната e-пошта:
[најави се за да го видиш е-маилот] со задолжителна назнака на бројот на оглас, во насловот на пораката.
Напомена:
- Работниот однос се заснова на определено време од 1 месец (период на докажување на способности), со можност за продолжување.
- САМО кандидат(к)ите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.
- Апликациите без назнака на бројот на оглас, во насловот на пораката, НЕМА да бидат разгледани!
- Дневно работно време е од 08.00 до 16.00 часот, од понеделник до петок. За време на сезона се работи и сабота.
- Рок во кој ќе се изврши изборот – доколку на огласов се пријават до 200 кандидати, изборот ќе се изврши во рок од 45 дена, од 201 до 500 кандидати, изборот се врши во рок од 90 дена и над 500 кандидати, изборот се врши во рок од 120 дена, по истекот на рокот за пријавување.
- Со поднесување на Вашата апликација за вработување (CV), потврдувате дека сте согласни Вашите лични податоци да бидат чувани во база и обработувани за намена за сегашно или идно вработување од страна на АЛМА-М ДООЕЛ Скопје или од трето лице ангажирано за таа цел согласно Закон. Доколку не сте согласни, Ве молиме тоа да го наведете во апликацијата.
- Ве молиме без телефонски јавувања
АЛМА-М ДООЕЛ Скопје е секогаш отворена за соработка со кандидати кои се вредни ентузијасти и сакаат да работат со тим кој секогаш е спремен за нови предизвици во иновативна и динамична околина.
Слични огласи »