АЛКАЛОИД АД Скoпje го објавува следното слободно работно место:
ОЕ Корпоративни служби – Оддел за маркетинг-комуникации
Специјалист за социјални медиуми – 1 (еден)
Потребни квалификации и вештини:
- Задолжително е работно искуство од минимум 2 години во маркетинг агенција или во агенција за дигитални комуникации
- ВСС – пожелно е кандидатот да има завршено Економски факултет – Маркетинг/Е-бизнис
- Одлично познавање на работата во пакетот Microsoft Office (Excel, Word, Power Point).
- Одлично познавање англиски јазик.
- Ефективни copywriting способности за дигитални медиуми.
- Одлично познавање на интернет-маркетингот и на социјалните мрежи
- Креативност, проактивност
- Високоразвиени интерперсонални и маркетинг-вештини
- Максимална посветеност и одговорност кон реализирање проекти и почитување рокови
Цел и одговорност на работното место:
- Водење на брендовите на социјалните медиуми
- Креирање стратегии за социјални медиуми за брендовите
- Изработка на комуникациски планови за брендовите
- Следење и анализа на дигиталниот пазар/социјалните медиуми
- Менаџирање на онлајн-заедниците и на репутацијата на брендовите
- Креирање, следење и оптимизирање на кампањите за брендовите преку социјалните медиуми
- Управување со веб-страниците на брендовите
- Следење на најновите трендови и нивна имплементација во секојдневното работење
Работниот однос за позицијата се заснова на определено време од 6 (шест) месеци, со можност за продолжување на договорот.
Дневното работно време на оваа позиција е 8 часа, со почеток од 7:30 до 15:30 часот. Неделното работно време е од понеделник до петок.
Предвидената основна нето-плата за позицијата е од 26.000 МКД до 35.000 МКД, во зависност од работното искуство на кандидатот.
Писмото за мотивација, кратката биографија со фотографија, копијата од уверението за завршеното потребно образование, копијата од сертификати и од дипломи да се достават на следната електронска пошта: [најави се за да го видиш е-маилот] со назнака: „За оглас – 1.1. Специјалист за социјални медиуми“.
При изборот на најповолен кандидат ќе биде спроведен процес на селекција, проследен со тестирања и со интервјуа.
Само кандидатите кои ќе достават комплетна документација и кои ги исполнуваат бараните услови наведени во огласот ќе бидат вклучени во процесот на селекција и ќе бидат соодветно известувани за неговиот тек.
Огласот трае 5 (пет) работни дена од денот на неговото објавување.
Изборот на најдобрите кандидати ќе биде извршен во рок од 45, 90 или од 120 дена од завршување на рокот за пријавување, а во зависност од бројот на пријавените кандидати, согласно со Членот 23 од Законот за работни односи.