
За компанијата: Компанијата ОзонАир е докажан глобален партнер и соработник на многу компании во Македонија како и целиот свет. Главниот фокус е модерен дизајн и технологијата што се применува во производството на единици...
повеќе за компанијата »(преземи го огласот во Word)
Огласуваме слободно работно место на позицијата: МАШИНСКИ ИНЖЕНЕР – ИНДУСТРИСКО ИНЖЕНЕРСТВО И МЕНАЏМЕНТ
Озон има потреба од машински инженер од насока индустриско инженерство и менаџмент, кој ќе му се придружи на нашиот инженерски тим во Скопје. Кандидатот ќе биде одговорен за оптимизација, организација, продуктивност и менаџмент на производството на машини и производи за вентилација, климатизација и други производи.
Потребно е да се исполнат следниве услови за да се конкурира:
-
Машински Факултет –насока индустриско инженерство и менаџмент
-
Со или без работно искуство, предност ќе имаат кандидати со работно искуство кои работеле во организација и оптимизација на производство
-
Познавање и активна работа на програми за 3Д цртање – “Autocad Inventor” или “Solidworks”
-
Познавање програми за работа на компјутер – “excel, word” и други
-
Познавање англиски јазик
-
Да поседува вештини за организација на производни процеси, логистика,набавка, управување со рокови, предвидување на работи и процеси, одговорност кон работата,позитивен однос кон околината, грижа кон луѓето и лојалност
За следниве работни задачи
-
Продуктивност, оптимизација, организација и управување производствен процес, доработка и измена на технички цртежи и документација за производство во “Autocad Inventor”, работа со “CAD/CAM” софтвер, следење на производствен тек, комуникација за обезбедување навремена набавка и испорака на делови и производи.
-
Работа врз основа на дневни, месечни и годишни планови за производство
-
Одговорен и посветен однос кон работата, спремност за завршување на задачите во зададен временски рок, посветеност на детали
- < > производна документација согласно барани прописи и технички стандарди
Организација и архивирање документација за тековната работа
-
Примена и реализација на современи решенија и технологии за управување со производство и процеси
Се добиваат следниве услови за работа
-
Редовни солидни примања
-
Работа во климатизирани простории
-
Можност за обука и стекнување нови знаења
-
Можност за посета и учество на саеми и други стручни надградувања
-
Награди за квалитетно извршување на работните задачи
-
Исплата на регрес за годишен одмор согласно со условите за стекнување
-
Можност за остварување новогодишен или друг надоместок
-
Посета на саеми и настани за обука
Доколку ги исполнувате бараните услови Ве повикуваме да ги испратете ги вашата биографија и писмо за мотивација на Македонски јазик на адреса: [најави се за да го видиш е-маилот]
Слични огласи »