Македонијатурист АД Скопје лого

Менаџер на сектор за финансии

За компанијата:

Македонијатурист а.д. Скопје е најголемата и најуспешната компанија во областа на хотелиерството и ресторанските услуги во Република Северна Македонија која работи успешно располагајќи со 5 (пет) хотели... повеќе за компанијата »

Македонијатурист АД Скопје има потреба од

МЕНАЏЕР НА СЕКТОР ЗА ФИНАНСИИ

Компанија: Македонијатурист АД                                                     

Локација:  Скопје, Македонија

Тип на ангажман: Полно работно време

Почетна нето плата: 123.000 денари месечно + дополнителни бенефиции

 

ЗА НАС

Македонијатурист АД , водечка хотелска и туристичка групација во Македонија со повеќе оперативни објекти, објавува конкурс за позицијата Менаџер на сектор за финансии.

Со растот и проширувањето на своите деловни активности, нашата компанија бара докажан професионалец кој ќе биде одговорен за водење, надзор и оптимизација на сите финансиски процеси во групацијата.

 

ОПИС НА РАБОТНОТО МЕСТО

Менаџерот на секторот за финасии е одговорен за стратешко, раководно и оперативно управување со сите финансиски активности во рамките на Македонијатурист АД
вклучувајќи буџетирање, сметководство, ликвидност и извештаи за перформанс на објектите кои се во склоп на нашата групација.

 

КЛУЧНИ ОДГОВОРНОСТИ

  • Води, координира и го надгледува целиот финансиски сектор на групацијата
  • Развива и спроведува финансиска стратегија и политики усогласени со долгорочните цели на компанијата
  • Го подготвува и ја следи реализацијата на годишниот буџет
  • Осигурува точност и транспарентност на месечни, квартални и годишни финансиски извештаи
  • Врши анализа на приходи, трошоци, профитабилност и оперативна ефикасност по објект
  • Води процес на внатрешна контрола и усогласеност со законска регулатива
  • Соработува со надворешни ревизори, банки, институции и инвеститори
  • Обезбедува ликвидност и контрола на парични текови
  • Води и развива тим на финансиски стручњаци и сметководители во рамки на групацијата
  • Дава финансиски совети и препораки на Управниот одбор и Генералниот директор
 

КВАЛИФИКАЦИИ И УСЛОВИ

  • Високо образование во економија, финансии, сметководство или бизнис администрација
  • Минимум 15 години работно искуство, од кои најмалку 10 години на раководна позиција во работа со финанси
  • Напредно познавање на:
    • Финансиска анализа, буџетирање и прогнозирање
    • Работа со ERP системи
    • MS Excel (финансиски модели и автоматизација)
  • Познавање на англиски јазик (пишан и говорен)
  • Сертификати и лиценци (овластен сметководител, ревизор или CFA) се сметаат за предност
  • Исклучителни менаџерски, аналитички и комуникациски вештини
 

ШТО НУДИ МАКЕДОНИЈА ТУРИСТ

  • Почетна нето плата: 123.000 денари, со можност за зголемување според резултати
  • Бонус систем поврзан со финансиски и оперативни KPI
  • Картичка за дневен оброк
  • Програми за континуиран професионален развој
  • Попусти и привилегии во хотелите и рестораните на групацијата
  • Работа во професионална и стабилна работна средина
  • Можност за директно влијание врз креирањето на стратешките одлуки во рамки на компанијата
 

АПЛИЦИРАЈ:

Испратете Ваша биографија (CV) и мотивационо писмо на е-пошта: [најави се за да го видиш е-маилот]
со назнака: Менаџер на сектор за финансии

Рок за аплицирање: до 17.10.2025

Сите апликации ќе бидат третирани со строга доверливост.
Само кандидатите кои ќе влезат во потесен избор ќе бидат контактирани.

 

Зошто Македонијатурист АД?

Затоа што сме симбол на македонското гостопримство и веруваме дека вредностите на брендот се создаваат преку луѓето кои стојат зад него. Биди дел од тим кој гради сигурност, квалитет и финансиска одржливост за иднината на македонскиот туризам и учествувај во процесот на целосна модернизација на најуспешната хотелска компанија во Македонија.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · hr вести · забава · здравје · hr совети · блог
барај огласи за вработување »