
За компанијата: Компанија од фармацевтска индустрија која се занимава со одгледување и екстракција на канабис за медицинска употреба лоцирана во Скопје.
повеќе за компанијата »НЈСК ХОЛДИНГ ДООЕЛ Скопје е компанија од фармацевтска индустрија лоцирана во Скопје, за одгледување и екстракција на канабис за медицинска употреба. Заради зголемен обем на работата, НЈСК ХОЛДИНГ ДООЕЛ има потреба од вработување на следните работни позиции:
РАБОТНИЦИ ВО ПРОИЗВОДСТВО - ПРОЦЕСИРАЊЕ – 20 извршители
Опис на работно место:
- Манипулација со растенија при берба:
- Кастрење на растенија;
- Пакување на растенија;
- Одржување на хигиената во просториите и опремата за работа;
- и други работи во процесирање.
Потребни квалификации:
Лични вештини:
- Способност за тимска работа;
- Следење на работни упатства и процедури;
- Ефикасност во извршување на работните задачи;
- Одговорност;
- Лојалност и дискреција.
Што нудиме:
- Почетна плата од 22.000 денари;
- Организиран превоз до и од работното место;
- Можност за учење и развој;
- Пријатна работна атмосфера.
При изборот на кандидати ќе биде спроведен процес на селекција и интервјуа. Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат повикани на интервју.
Крајниот рок за аплицирање е најдоцна до 10/06/2022 година.
Кратка биографија да се испрати на следнава email адреса: [најави се за да го видиш е-маилот]
*Со испраќањето на Вашата кратка биографија и писмо за мотивација, Согласни сте Вашите лични податоци да бидат обработени за потребите на регрутација и селекција од страна на НЈСК Холдинг ДООЕЛ Скопје и истите да бидат зачувани во дата базата.
Слични огласи »