
За компанијата: Септима ДООЕЛ Скопје е приватна компанија основана 2000 година. Дејност на компанијата е промет на големо со фармацевтски производи, медицински помагала, диететски суплементи, козметички и хемиски производи и останати производи од асортиманот потребни за аптека.
повеќе за компанијата »(преземи го огласот во Word)
СЕПТИМА ДООЕЛ Скопје, компанија која се занимава со промоција и продажба на препарати од повеќе реномирани фармацевтски производители објавува конкурс за: СТРУЧЕН СОРАБОТНИК, за регион Скопје и источна Македонија
Потребни квалификации:
- VII-1 степен на стручна подготовка : Фармацевтски ,Медицински или Стоматолошки факултет
- Минимум две години работно искуство во промоција на фармацевтски производи ќе се смета за предност
Опис на работата:
- Секојдневна посета на лекари и фармацевти
- Промоција и презентација на производите
- Изработка и имплементација на маркетинг планови и реализација на зададени цели
- Редовни извештаи од теренската работа
- Следење и анализа на фармацевтскиот пазар
- Учество и организирање на стручни и едукативни собири
Потребни вештини и способности:
- Одлични комуникациски и презентациски способности
- Организираност и одговорност кон доверените работни задачи
- Флексибилност и способност за тимско работење
- Активност во согласност со етичките кодекси и националните закони
- Спремност да се носи со предизвици и кратки работни рокови
- Активно познавање на англиски јазик
- Одлично познавање на MS Office
- Возачка дозвола Б категорија
Ние нудиме:
- Работа во амбициозен и професионален тим
- Континуирана едукација и стимулативна работа
Доколку ги исполнувате наведените услови од конкурсот, Ве повикуваме да ја испратите својата биографија и препорака најдоцна до 08.07.2021, на e-mail: [најави се за да го видиш е-маилот]
Ќе бидат контактирани само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг на избор.
Слични огласи »