USAID Strengthening Resource Mobilization Activity лого

Специјалист за општински пристап до финансии

Консалтинг за стратешки развој (КСР), во рамките на „Проектот на УСАИД за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите“, објавува  

Повик за  

Специјалист за општински пристап до финансии (позиција со полно работно време) 

1. Историјат на Проектот

„Проектот на УСАИД/Северна Македонија за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите“ е петгодишен договор (што трае до јануари 2026 година) што работи со локалните власти на Северна Македонија со цел мерливо зголемување на сопствените приходи на општините и надворешното финансирање и зголемување на стапката на извршување на буџетот во согласност со барањата за буџетирање и известување на Владата на Северна Македонија (ВСМ). Проектот работи со локалните самоуправи, Владата и клучните чинители со цел:  1) подобрување на квалитетот на системите за наплата на општинските даноци и такси; 2) зголемување на општинскиот капацитет за пристап до надворешни извори на финансирање од владата, меѓународни организации, пазари на капитал и банки; 3) подобрување на способноста на општините да планираат, управуваат и спроведуваат приходи од јавниот сектор во согласност со прописите на Владата на Северна Македонија; 4) унапредување на процесот на децентрализација. 

Специјалистот за општински пристап до финансии ќе им обезбедува поддршка на единиците на локалната самоуправа (ЕЛС) во изготвувањето предлог-проекти креирани во консултација со граѓанското општество и бизнис заедницата и идентификувањето како да пристапат до надворешни извори на финансирање (разни условени капитални грантови од Владата на Северна Македонија и донаторски програми). Како дел од тимот на Проектот за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите, тој/таа ќе работи на зајакнување на вештините и самодовербата на ЕЛС во добивање и успешно управување со надворешни финансии –  идентификување на можности за грантови, развој на идеи за проекти и привлекување инвестиции во јавно-приватни партнерства во рамките на Компонента 2: Зголемување на општинскиот капацитет за пристап до надворешни ресурси. Дополнително, тој/таа ќе придонесува за зајакнување на капацитетите на ЕЛС за зголемување и искористување на сопствените приходи. 

2. Предмет на ангажманот

Примарна одговорност на Специјалистот за општински пристап до финансии е спроведувањето на активностите на проектот поврзани со зајакнување на капацитетите на локалните самоуправи за зголемување на сопствените приходи, пристапување до надворешни фондови и за инклузивно планирање и извршување на општинскиот буџет. 

Како дел од одговорностите, специјалистот ќе ги преземе, но не е ограничен на, следните должности: 

  • Да им помогне на ЕЛС да користат инклузивен пристап за одржлива идентификација на проекти и да ги зајакнат нивните капацитети за развој на проекти со користење на консултанти/фасилитатори коишто ќе им помогнат на општините да идентификуваат проекти подготвени за поднесување врз основа на постојни повици; 
  • Да менторира партнерски мали општини за конкретен развој на проекти, 
  • Заедно со другите членови на тимот, да им помогне на партнерските ЕЛС да ги искористат резултатите од Урбаната ревизија или други алатки за приоритизација на проектите, со истовремено идентификување на проектите што треба да се развијат за надворешно финансирање, 
  • Да организира информативни сесии за ЕЛС со давателите на фондови како што се владата или меѓународните организации и/или пазарите на капитал и банките, 
  • Да реализира состаноци и консултации со ЕЛС, експерти и донатори, со што ќе се овозможи размена на информации и координација за отворените повици,  
  • Да обезбеди поддршка при подготовката на месечниот билтен што се дистрибуира до ЕЛС за тековните и претстојните грантови, програми и проекти за цели на нивно информирање и да обезбеди преземање на последователни чекори; 
  • Да идентификува и со партнерските ЕЛС да споделува успешни практики во јавно-приватно партнерство со цел да ја зголеми нивната свесност и интерес, 
  • Да истражува други можности за воведување нови извори на финансирање. 

Специјалистот за пристап до финансии на општините воспоставува и одржува силна врска со колегите од националната и локалната власт, во согласност со целите и активностите на „Проектот на УСАИД за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите“. Тој/таа идентификува иновативни пристапи за пренесување на знаење и искуство на јавната администрација, како и за размена на информации, менторство и учење од колеги. 

Договорот за позицијата Специјалист за пристап до финансии на општините  ќе го склучи Консалтинг за стратешки развој и тој ќе биде дел од канцеларијата на Проектот во Скопје. 

4. Потребни квалификации

– Академски квалификации: 

  • Универзитетска диплома во соодветната област (економија, бизнис администрација, управување со финансии, право, социјални/развојни студии, јавна администрација, менаџмент итн.).  

Професионално искуство: 

  • Најмалку пет (5) години професионално искуство во развој на проекти во соработка со ЕЛС за надворешно финансирање. 
  • Широко познавање за изворите на финансирање на проекти што се доделуваат од Владата на Република Северна Македонија и од донаторската заедница и критериумите за нивно доделување. 
  • Практично разбирање на процесот на буџетирање на општините.  
  • Искуство во менторство и обука на работното место. 
  • Претходно работно искуство во ЕЛС ќе се смета за предност.  

– Јазик: 

  • Одлично познавање (писмено и усно) на македонскиот и англискиот јазик.  

– Други критериуми: 

  • Одлични вештини за управување со времето и способност за истовремена работа на повеќе задачи и приоритизирање на работата. 
  • Деталност во работата и вештини за решавање проблеми. 
  • Презентациски вештини. 
  • Напредни вештини за користење на MS Office. 
  • Искуство со работа во мултиетничка, мултисекторска и мултикултурна средина.                                                     

 6. Процедура за аплицирање

За да биде земен предвид, заинтересираниот кандидат/-ка треба да ги достави следните документи: 

– Пропратно писмо, 

– CV 

(и двата документи на англиски јазик) 

Потребните документи треба да бидат испратени на следната адреса за електронска пошта:  [најави се за да го видиш е-маилот] , најдоцна до 2 јуни 2022 година до 17:00 часот со следната назнака во насловот на пораката: Апликација за работа за позицијата Специјалист за пристап до финансии на општините.

Нецелосните апликации нема да бидат земени предвид за оценување. 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · забава · hr вести · hr совети · блог
барај огласи за вработување »