
За компанијата:
ЛЕОМАР ГРОУП доо е компанија чија основна дејност е увоз и продажба на женска и машка долна облека, пижами и костими за капење од брендот Bonatti, како и хулахопки и чорапи од брендот Fiore. Нашето... повеќе за компанијата »
(преземи го огласот во Word)
ЛЕОМАР ГРОУП доо е една од најбрзорастечките компании за продажба на на женска и машка долна облека, пижами, костими за капење и хулахопки од брендовите Bonatti и Fiore. Нашето искуство и посветеност кон работата го насочуваме кон приближување на производите кон потрошувачите.
Во моментов нашата малопродажна мрежа има 5 продавници Bonatti-Fiore.
Поради зголемување на обемот на работење во нашите продавници, имаме потреба за:
АСИСТЕНТ ЗА ПРОДАЖБА во Продавниците "Bonatti-Fiore"
Вработените ќе бидат дел од прекрасна динамична работна атмосфера и опкружување, во кое секој ќе има можност да го даде својот максимум.
Личен профил:
- Одлични комуникациски и презентерски способности
- Ведрост, претставителност и комуникативност
- Лојалност, иницијативност, енергичност и насоченост кон резултати
- Грижа и ориентираност кон клиенти
- Подготвеност за тимска работа, флексибилност, љубезност и работа под притисок
- Желба за работа во смени
- Претходно исто или слично работно искуство во работење во продавница ќе се смета за предност
Потребни Квалификации:
- Завршено минимум ССС,
- Одлична комуникација во продажба,
- Одлично познавање на работа со компјутер (Word, Excel),
- Познавање на англиски јазик
Ние нудиме пријатна работна средина и солидна плата.
Само кандидатите кои ќе влезат во потесен избор ќе бидат контактирани.
Своите апликации испратете ги на следниов e-mail: [најави се за да го видиш е-маилот]
Слични огласи »