
За компанијата: Грин Машинс е македонска компанија со производен погон во Велес, која произведува возила за одржување урбана хигиена на електричен, водороден и класичен погон.
Во 2020 станавме прва компанија во светот...
повеќе за компанијата »(преземи го огласот во Word)
ДПТУ Брако ДОО од Велес има потреба од работници за следниве работни места:
1. МИГ-МАГ (CO2) заварувачи
1.1 Опис на работа:
- Прием на налог и технички цртеж за работа;
- Проверка на апарат за заварување и поставување на параметри за заварување;
- Извршување на заварување;
- Проверка и складирање на заварената конструкција.
1.2. Потребни квалификации:
- Минимум средно образование;
- Познавање на читање на технички цртеж;
- Познавање на постапка за заварување;
- Работно искуство во заварување.
2. Заварувачи на обука МИГ-МАГ (CO2)
2.1Опис на работа:
- Прием на налог и технички цртеж за работа;
- Проверка на апарат за заварување и поставување на параметри за заварување;
- Извршување на заварување;
- Проверка и складирање на заварената конструкција.
2.2 Потребни квалификации:
- Минимум средно образование;
- Познавање на основни браварски работи.
Што нуди БРАКО:
- Можност за стекнување знаење и искуство, од искусни обучувачи, долгогодишни членови на тимот на БРАКО.
- Можност за напредување во работата;
- Работа во Велес;
- Добар социјален пакет
Сите заинтересирани своето CV (кратка биографија), со назнака за работното место за кое аплицираат, можат да ги испратат на следната електронска адреса [најави се за да го видиш е-маилот] или да ги остават на капијата на БРАКО, ул. Раштански пат бр.2, Велес.
Прашања и повеќе информации на тел. 043 551 107.
Слични огласи »