
За компанијата: Гео Гас е основана 2011 година како приватна фирма за производство на минерален гас CO₂ и разновидни продукти од него. Локацијата на природниот извор, а воедно и нашиот производствен погон, се наоѓаат...
повеќе за компанијата »(преземи го огласот во Word)
ГЕО ГАС ДООЕЛ Скопје е компанија која се занимава со производство, дистрибуција и продажба на минерален гас ЦО2 .Поради зголемениот обем на работа, објавува оглас за следнава работна позиција: Раководител на оддел маркетинг и продажба
Ако сакате да станете дел од тимот, а притоа сте динамична и одговорна личност и барате стабилност, професионален раст и долгорочна кариера, со задоволство Ве повикуваме да се пријавите на нашиот оглас за вработување.
Потребни квалификации:
- високо образование: завршен економски факултет оддел маркетинг и менаџмент, машински, хемиски или друг технички факултет
- задолжително добро познавање на англиски јазик (познавање на друг јазик ќе се смета за предност),
- познавање на ексел, високо ниво
- пишување и одговарање на меилови, високо ниво
- одлично познавање на MS Office пакетот и компјутерски програми и апликации,
- поседување на возачка дозвола Б категорија (активен возач),
- Високи организациски способности, со нагласена проактивност и независност
Работни обврски:
- секојдневна комуникација со клиенти (купувачи), онлајн преку различни медиуми
- планирање и организирање на продажни активности,
- Управување и контрола на продажбата, следење и преземање на активности за унапредување на истата,
- одговорен за развивање и одржување на односи со клиенти, комуникација со постоечки и потенцијални клиенти,
- одговорен за прием и следење на реализација на нарачка
Вештини и способности:
- одлични комуникациски, презентациски и преговарачки вештини,
- професионалност и организираност
- организациски и аналитички способности,
- позитивен став, лојалност, транспарентност, и темелност
- ориентираност кон клиенти и градење однос со потрошувачи,,
- одговорност, динамичност, иницијативност и насоченост кон резултати,
- способност за работа во тим и самостојна работа
- планирање и управување со активности на социјални мрежи
- раководни и координирачки способности
Компанијата нуди:
- атрактивни редовни месечни примања
- позитивна разновидна и динамична работна средина,
- можност за градење на успешна кариера,
- одлични услови за работа во тим и самостојна работа
- можност за соработка со европски и интернационални клиенти и соработници
Сите апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.
Испратете го Ваашето (CV) кратка биографија на: d.markovski@geogas.mk
Во согласност со законот за заштита на лични податоци, со самото испраќање на Вашето СV се согласувате Вашите податоци да бидат чувани во база и обработувани за намена за сегашно или идно вработување од страна на Гео Гас ДООЕЛ Скопје.
Напомена: Доколку не сте согласни со тоа , можете да ја повлечете во секое време согласноста за обработка на лични податоци преку испраќање на известување на елекртонската пошта: [најави се за да го видиш е-маилот]
Слични огласи »