
За компанијата: Аспектус Фарма е иновативна и кооперативна компанија со висок интегритет, што и овозвожува високо квалитетно производство на лекови и воспоставување партнерства со глобалните фармацевтски компании за да...
повеќе за компанијата »АСПЕКТУС ФАРМА ДОО с.Бунарџик Илинден е Фармацевтска Компанија која е ориентирана кон високо квалитетно производство на лекови во Република Северна Македонија.
Магационер
Задолжително е пријавените кандидати да ги исполнуваат следните услови:
- Стручна подготовка: ССС;
- Пожелно е минимум 2 години работно искуство на иста или слична позиција;
- Одговорност, тимска работа, комуникативност и флексибилност;
Работни задачи:
- Прием на материјали/суровини во магацин;
- Да врши квалитативен и квантитативен прием на суровини, примарна и секунарна амбалажа со обезбедување на карантин, узорцирање, безбедно магационирање и сигнирање на анализираните материјали според нормите на добра производствена пракса;
- Ја комплетира документацијата за приемот во софтвер кој го користи компанијата;
- Издава суровини, примарна и секунарна амбалажа и врши достава на сертификати и анализи на материјалите до производствените одделенија според количините од требовањата за секој работен налог соодветно;
- Води компјутерска евиденција на документите за квалитативна и квантитативна количина на залихи;
- Разместување на примените материjали/суровини на соодветни места во магацин;
- За секоја неусогласеност со стандардните постапки да го известува непосредниот претпоставен;
- Врши прием на вратени суровини, примарна и секундарна амбалажа според требовање од организационата единица и врши компјутерска евиденција на потрошена и вратена количина и комплетирање на требовањето;
- Одговорен за контрола и одржување на редот, дисциплина и хигиена во магацинот.
- Врши товарање и истоварање на материали со рачен и електричен виљушкар (сертификат за управување со електричен виљушкар);
- Учествување во правење на инвентар во магацин;
Од кандидатите за бараната позиција се очекува да ги поседуваат следните вештини, способности и лични особини:
- Организираност и ефикасност;
- Способност за тимска работа;
- Работа со дадени рокови;
- Следење на интерните правила и процедури;
- Самоиницијативност и самокритичност;
Дополнителни информации:
Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови, своите биографии можат да ги испратат на е-маил: [најави се за да го видиш е-маилот]
Крајниот рок за аплицирање е најдоцна до: 27.02.2021
Слични огласи »