
За компанијата: „Синцеритас“ АД Скопје е фармацевтска компанија чиј фокус на работење е култивирањето и производството на канабис за медицинска намена. Работните практики и политики во нашата компанија се усогласени со...
повеќе за компанијата » Овластен сметководител
Задолжително е пријавените кандидати да ги исполнуваат следните услови:
- ВСС- Економски факултет или диплома од завршено средно обраование во областа на сметководството или поврзано;
- Потребен е серификат за сметководство.
- 5+ години искуство во корпоративно сметководство.
- Одлично познавање на финансиско и материјално сметководство.
- Одлично познавање на даночна регулатива (ДДВ, Данок на добивка)
- Познавање на IFRS и менаџментско сметководство.
- Вештини за работа во Excel и целокупниот пакет MS Office.
- Добро владеење на англиски јазик (пишан и говорен).
- Предност се смета познавање и искуство со работа во Microsoft NAV.
Одговорности и работни задачи:
- Одговорност да провери дека сите сметководствени записи се евидентираат точно, во согласност со применетите сметководствени стандарди.
- Ажурно книжење и контрола на целокупна влезна документација.
- Подготовна на излезни фактури.
- Подготовка на плаќања (денарски и девизни).
- Книжење на банкарски изводи (денарски и девизни).
- Подготовка и книжење на компензации и цесии.
- Книжење на основни средства и ситен инвентар.
- Контрола на трошоци.
- Усогласување на салда со купувачи и добавувачи.
- Анализа на бруто биланси.
- Учество во подготовка на годишна сметка и ревизија.
- Подготовка на ЕПДД и книжење на пресметките.
Од кандидатите за бараната позиција се очекува да ги поседуваат следните вештини, способности и лични особини:
- Вештини за управување со времето и следење на тековната состојба, добро организиран и детално ориентиран.
- Способност за одредување на приоритети.
- Точност и конзистентност во работата.
- Одговорен за постигнување резултати, се труди да ги исполни и надмине очекувањата.
- Одлични комуникациски вештини (усно и писмено презентирање).
- Докажана способност за соработка во тимска средина при изработка на проекти
Дополнителни информации:
Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови, своите биографии можат да ги испратат на е-маил: [најави се за да го видиш е-маилот]
Слични огласи »