Макпетрол АД е синоним за доверба, квалитет и иновации во енергетскиот сектор! Со 79 години искуство, ние сме најголемата компанија за снабдување со горива, природен гас и енергетски решенија во Република Северна Македонија. Нашата широка мрежа од 126 бензински станици, постојаните инвестиции во био-горива и нашите над 2000 вработени ја прават компанијата идеално место за професионален раст и развој.
Ако сте амбициозни, посветени и сакате да бидете дел од успешна приказна, ова е Вашата шанса!
О Г Л А С
За вработување на 1 (еден) работник на определено време од 5 (пет) месеци (со можност за продолжување на договорот) на работно место инженер (проектант и надзор по градежништво) во Одделение за проектирање и надзор во Сектор за инвестициско-техничка подготовка во рамки на Дирекцијата за развој и инвестиции во „Макпетрол“ АД. – Скопје.
Основни работни задачи и одговорности:
- Изработува и комплетира идејни и главни проекти за одобрени инвестициони објекти за нови бензиски станици, како и за реконструкција на постојни бензиски станици на Макпетрол АД Скопје;
- Врши увид на лице место и изработува технички решенија за делумна реконструкција на постојните објекти на Макпетрол АД Скопје;
- Дава техничка помош на изведувачите за припрема и изведба;
- Врши надзор врз начинот, квалитетот и роковите за изградба при реализација на инвестиционите објекти;
- Дава насоки за реализација на инвестициониот објект преку градежен дневник;
- Контролира и потпишува градежни книги на количините на извршени работи во текот на градбата;
- Врши контрола на доставени фактури и ситуации за наплата на извршени работи;
- Врши проценки на градежна вредност на изградени објекти, понудени од разни понудувачи, како и проценка на изградени објекти во сопственост на Макпетрол АД Скопје кои се понудуваат на продажба;
- Спроведува постапка за набавка на опрема (е-Налог за набавка);
- Врши и други работи по налог на шефот на одделение и раководителот на Секторот;
Кандидатите треба да ги исполнуваат следниве услови:
- Завршено високо образование – Градежен факултет;
- Работно искуство од најмалку 3 (три) години;
- Овластување за проектирање Б и А;
- Овластување за надзор Б и А;
- Познавање на англиски јазик;
- Познавање на Autocad, Microsoft Project, Microsoft Office;
Работно време:
Неделното работно е од понеделник до петок, од 07:00 до 15:00 часот.
Работниот однос се заснова на полно работно време од 40 часа неделно.
Работата за време на неработни денови, празници, ноќната работа и прекувремена работа се плаќаат дополнително, а согласно Законот за работните односи и подзаконските акти, вклучувајќи и сите законски додатоци како што се минат труд, работа во недела и други предвидени надоместоци.
Заинтересираните кандидати треба да достават:
- Писмо за мотивација - со јасно наведено работно место за кое аплицираат;
- Кратка биографија;
- Копија од диплома за завршено образование;
- Копија од други лиценци/дипломи (доколку е потребно).
Потребните документи да се достават на е – пошта [најави се за да го видиш е-маилот]
лице за контакт: Јана Момировска
телефон за контакт: 02/3146-532
По истекот на рокот за поднесување на потребните документи, со кандидатите кои ги исполнуваат бараните услови, ќе биде спроведено интервју за вработување.
Изборот на пријавените кандидати ќе се изврши во рок од 45, 90 или 120 дена по истекот на рокот на пријавувањето, во зависност од бројот на пријавените кандидати, а согласно членот 23 став 2 од Законот за работните односи.
Кандидатите кои нема да достават целосна документација, како и апликациите што ќе бидат примени по истекот на крајниот рок, нема да бидат земени предвид.
Со аплицирањето се смета дека кандидатите се согласуваат Макпетрол АД Скопје да може да ги собира, обработува и чува нивните лични податоци за потребите на процесот на регрутација за цело време додека трае истиот, согласно законските прописи.
Кандидатите можат согласноста за обработка на личните податоци да ја повлечат во секое време со испраќање на барање за истото на следниот e-mail: [најави се за да го видиш е-маилот]