
За компанијата: Даути Комерц- А.Д лидер во регионот и пошироко во микродистрибуција на производи за широка потрошувачка. Почетоците на компанијата биле скромни и пред 20 години, а денес функционираме во четири држави...
повеќе за компанијата »Приватната компанија А.Д Даути Комерц - Скопје објавува конкурс за следното работно место:
Домар (Хаус мајстор) (1)
Потребни услови за даденото работно место:
- Предност ќе имат кандидатите со завршено средно стручно образование,
- Минимум 2 години работно искуство како Домар,
- Поседување возачка дозвола Б-категорија.
Работни одговорности:
- Одговорен за секојдневно одржување на електрична инсталација и водоинсталација,
- Монтажа на покуќнина,
- Санитарна набавка на потрошен материјал,
- Задолжен за контрола и координација на надворешни сервиси за одржување.
Сите апликации заедно со Вашето CV да се поднесат во просториите на нашата копманија која се наоѓа во Сарај, адреса: Ул.1723 бр.20 Сарај / Скопје
или на e-mail адресата: [најави се за да го видиш е-маилот]
Потребна документација:
- Копија од дипломата за завршено средно стручно образование,
- Извод од матичната книга на родените, и
- Копија од возачката дозвола.
Aпликациите без побараните документи нема да бидат разгледени од страна на кадровската комисија.
Конаткт тел: 071/346-908
Email: [најави се за да го видиш е-маилот]
Ќе бидат контактирани кандидатите кои ги задоволуваат критериумите.
Конкурсот е отворен 7 дена од неговото објавување (31.10.2017-06.11.2017).
Апликант може да биде секое лице без разлика на расна, верска, национална или политичка припадност.
Останати огласи »