Самостоен соработник за осигурување

Објавенпред 48 минути
Активен до26.11.2026
ПозицијаАдминистративен работник
ЛокацијаСкопје
Телефон(2) 3122 385
Веб-страницаwww.halkinsurance.com.mk
За компанијата

ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје е Друштво за неживотно осигурување кое се стреми кон брз развој и зголемено учество на пазарот на осигурување во Република Северна Македонија. На нашите вработени им нудиме динамична... Повеќе за компанијата »

Опис на огласот

ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје е друштво за неживотно осигурување кое се стреми кон брз развој и зголемено учество на пазарот на осигурување. На нашите вработени им нудиме динамична работа со можност за професионален развој и напредување, како и одлични услови за работа во средина со амбициозен и професионален тим.

Во согласност со нашата цел и стратегија, имаме потреба од мотивирани и талентирани кандидати за следната работна позиција: Самостоен соработник за продажба на осигрување во Оддел за индиректни канали на продажба

Опис на работните задачи:

  • Самостојно изработува понуди за осигурување и издава полиси за индиректните канали на продажба, во согласност со своите лимити и овластувања и видот на продуктот. 
  • Води постојана комуникација и соработка со осигурително брокерски работи и туристичките агенции. Е главна контакт-точка за нивните барања за понуди, техничка поддршка и информации;
  • Ги анализира барањата на брокерите, и подготвува конкурентни понуди прилагодени на нивните потреби, вклучувајќи и учество на тендери;
  • Ја следи обновата на полисите за осигурување и навремената наплата на премиите од индиректните канали на продажба;
  • Ја поттикнува продажбата преку индиректните канали со нови концепти, предлози за пакети, специјални понуди и продажни кампањи;
  • Учествува и дава предлози при изготвување на условите за осигурување и тарифите на премии;
  • Врши и други работи по барање на претпоставените.

Потребни квалификации и карактеристики:

  • Завршено високо образование
  • Работно искуство од најмалку 3 (три) години на иста или слична работна позиција во осигурување
  • Познавање на продуктите за неживотно осигурување и на законската регулатива од областа на осигурувањето;
  • Одлично познавање на македонски и англиски јазик. Познавањето на турски или албански јазик се смета за предност;
  • Напредно користење на MS Office (Word, Excel, Outlook);
  • Одлични комуникациски и преговарачки вештини;
  • Способност за самостојна и тимска работа и ориентираност кон резултати;
  • Преземање иницијатива и позитивен пристап кон работните обврски;

Што нудиме:

  • Конкурентна плата;
  • Платено приватно здравствено осигурување за вработените и за нивните деца до 18 години;
  • Платено осигурување од незгода и осигурување за случај на смрт од болест;
  • Вредносни ваучери за роденден и слободен ден за роденден;
  • Континуирани обуки за кариерен и професионален развој;
  • Над 20 други активности годишно за развој и мотивација на вработените: тим билдинг, спортски активности, корпоративни настани и др.
  • Јасни политики и можности за кариерно напредување во Друштвото;

Вашата биографија испратете ја преку копчето Аплицирај.

Напомена: Со доставувањето на апликацијата по овој оглас, ни давате пристап до вашите лични податоци. Тие ќе се чуваат, обработуваат и користат исклучиво за регрутација и селекција и ќе бидат избришани по завршувањето на селекцијата.

Напомена: На интервју ќе бидат повикани само кандидатите што ќе влезат во потесниот круг.

Аплицирај за огласот

KARIERA.mk
Провери ја поштата по аплицирањето за потврда.

Слични огласи за работа

Повеќе

Едукација и обуки

Повеќе