Приватната компанија А.Д Даути Комерц- Скопје објавува конкурс за следното работно место во Даути Маркет 104 Тетово:
Внатрешно обезбедување и контрола на маркет (1)
Потребни услови за даденото работно место:
- Завршено средно образование,
- Поседување на лиценца за обезбедување од Комора за обезбедување на РМ,
- Претходно работно искуство на иста или слична позиција ќе се смета за предност,
- Возачка дозвола Б категорија, ќе се смета како предност.
Личен профил:
- Да поседува аналитички и логични способности за решавање на проблеми,
- Способност за индивидуална и тимска работа, како и работа под притисок,
- Професионален однос кон работата,
- Одговорност и способност за организација.
Сите апликации заедно со Вашето CV да се поднесат во просториите на нашата компанија која се наоѓа во Сарај, адреса:Ул.1723 бр.20 Сарај/ Скопје или на e-mail адресата: [најави се за да го видиш е-маилот]
Потребна документација: копија од дипломата за завршено образование, копија од лиценца за обезбедување и извод од матична книга на родени. Aпликациите без побараните документи нема да бидат разгледени од страна на кадровската комисија.
Конаткт тел: 071/346-908
Ќе бидат контактирани кандидатите кои ги задоволуваат критериумите.
Конкурсот е отворен 7 дена од неговото објавување (26.02.2018-04.03.2018).
Апликант може да биде секое лице без разлика на расна, верска, национална или политичка припадност.