
За компанијата: Предизвиците во областа на човечките ресурси не се само наша секојдневна работа, туку се и наша страст. Нашето знаење и експертиза ни дозволуваат да имаме уникатен пристап кон секоја задача. Нашите клиенти...
повеќе за компанијата »Опис на компанијата:
Друштвото за Градежништво БЕТОН – Акционерско Друштво – Скопје е градежна компанија основана во 1947 година. Современа, високо технолошки опремена градежна компанија, подготвена да се носи со сите предизвици на модерната архитектура и на современите градежни оперативни зафати. Во име на својот клиент, ДЕКРА ја објавува позицијата:
- Проект Менаџер (Повеќе Извршители)
Опис на работното место:
- Организација на тековни работни активности на вработените техничари и изведувачите за превентивно и корективно одржување, градба на нови објекти;
- Посета на инфраструктурни објекти во разни фази на градба;
- Следење на техничката документација и објектите во градба, редовно пополнување на тековните податоци неопходни за следење на градбата, изработка на спецификации и сета потребна техничка документација во текот на реализација на проектот согласно важечките закони;
- Подготвување на техничко економски понуди, вклучително и истражување на пазарот на материјали, изведувачи;
- Подготвување на на набавки на потребен градежен материјал;
- Раководење на проект и тековни работни контакти со клиентите, надзорниот инженер, изведувачите и вработените за време на реализација на проектот;
- Комуникации и соработка со одговорни лица од институциите на државата;
- Изработка на предмер пресметки за тендерски постапки во областа на градежништво во нискоградба и високоградба;
- Во согласност со градежната и проектна документација врши соодветни пресметки и калкулации;
- Дефинира описи, количини и технички нормативи кои што ги проследува до изведувачите;
- Ги следи движењата на пазарот на градежни материјали и суровини;
- Комуницира со изведувачите и градежните компании за време на градежните фази од проектот;
- Работи во рамки на буџетот и зададените временски рамки.
Потребни квалификации:
- Завршено високо образование- Градежен Факултет;
- Минимум 5 годишно работно искуство во областа;
- Одлично познавање на намески софтвер поврзан со градежништво;
- Познавање на важечка законска регулатива за МК како и познавање на стандарди за проектирање;
- Поседување на овластување (лиценца А или Б) за изработка на проектна документација од областа на градежништво(проектирање) ќе се смета за голема предност.
Професионални знаења и способности:
- Одлични аналитички, комуникациски и организаторски способности;
- Динамичност, ефективност, флексибилност и адаптибилност;
- Посветеност, мотивираност, иницијативност;
- Решавање на проблеми.
Останати информации:
Работните задачи ќе се извршуваат со полно работно време од 8 (осум) часа, од понеделник до петок, со работно време од 07:30-15:30 часот.
Местото на извршување на работата е во зависност од самите проекти, променливи локации.
Друштвото го задржува правото да не изврши избор доколку не се пријават соодветни кандидати.
Потребните документи-мотивационо писмо, професионална биографија, диплома за завршено образование, овластувања, потврди, препораки да се достават на мејлот: [најави се за да го видиш е-маилот] .
Крајниот рок за аплицирање е најдоцна до: 24.08.2020.
Останати огласи »