Овернет ДМД има потреба од МАГАЦИОНЕР/ЛОГИСТИЧАР кои ќе му се придружат на нашиот тим во Одделот Оператива
Пол: машки/женски
Старосна граница: без ограничување
Бражен статус: без ограничување
Потребни квалификации: ССС
Работно искуство: Не е задолжително
Пожелно е работно искуство во делот на водење на магацин и обезбедување на логистичка подршка.
Главни одговорности и задолженија :
Набавка, евидентирање, доделување и складирање на хтз опрема, рачен алат, потрошен материјал, потрошен алат, електричен алат, машини (генератори, компресори, ровокопач и сл.), возила, помошни средства (телефони, лаптопи, таблети, токи воки, маси, и слично)
Контакт со тековни добавувачи, следење на квалитетот на производите, наоѓање други потенцијални добавувачи.
Контакт со вработени, контрола на задолжувањата, евидентирање на квалитетот на материјалот, опремата и алатот, нивното чување и одржување.
Набавка, евидентирање, доделување и складирање на материјал од коминтенти и негово евидентирање на задолжувањето и раздолжувањето по проекти и подизведувачи.
Контрола и грижа за уредноста на дворниот простор и магацините (отворен и затворен)
Контрола на возен парк во смисла на евидентирање на трошоци за одржување на возила, потрошувачка на гориво, редовни сервиси, редовни промени на уље, зимска опрема и сл. Контакт точка со сервисери на возила.
Комуникација со главниот административен работник во компанијата.
Логистички активности за набавка и испорака на материјал и опрема за продажба.
Отстранување на отпадниот материјал.
Подготвување на извештај за извершените активности и укажување на проблеми при тековните активности.
Почитување на безбедносните процедури и стандарди
Почитување на работните процедури и тимска работа
Способности :
Компјутерска писменост
Спремност за работа во различни апликации
Тимска работа
Способност за организација на сопствените работни ангажмани
Возачка дозвола Б категорија
Спремност и способност за стекнување со нови знаења
Самоиницијативност
Работни услови:
Работа во просториите на компанијата т.е нејзините магацини и по потреба за обезбедување на логистика низ реонот на Скопје.
Договор на една година со пробен период од 3 месеци со можност за долгорочна соработка.
Плата 18.000 до 22.000,00
Висината на платата зависи од спремноста за извршување на задачите како и воспставување и почитување на процесите и процедурите.
Доколку сте заинтересирани испратете Ваша биографија на следнава е-mail адреса:
[најави се за да го видиш е-маилот]