
За компанијата: МЕРМЕРЕН КОМБИНАТ АД Прилеп светски лидер во екстракција и производство на снежно бел мермер со регистрирана трговска марка на ситно-грануларен доломитски мермер SIVEC® кој се вади од рудниците лоцирани...
повеќе за компанијата »Мермерен Комбинат АД Прилеп има потреба од ОПЕРАТОР ВО ОДРЖУВАЊЕ
1 извршител
ГЛАВНА ЦЕЛ НА ПОЗИЦИЈАТА
Одржување на механизацијта и опремата во рудник, како и одржување на хидросистемот, како цевоводи, пумпи и останати работи.
ГЛАВНИ ОДГОВОРНОСТИ / ОБВРСКИ НА ПОЗИЦИЈАТА
• Изработува машински делови потребни за одржување на опремата во рудникот.
• Врши интервенции на хидрауличните системи на машините во рудникот.
• Врши демонтажа, монтажа и репарација на машински склопови, редуктору, пумпи, вентилатори и други најразлични машински делови.
• Врши склопување на шини, скали и мали челични конструкции користејќи апарат за електролачно заварување.
ЛИЧЕН ПРОФИЛ НА КАНДИДАТОТ:
- Тимски ориентирана личност,
- Добро организирирана, со флексибилен пристап на работите,
- Позитивен став, лојалност, темелност и трпеливост,
- Професионалност во работењето.
ШТО НУДИМЕ:
- Одлична можност за професионален развој во динамична средина за амбициозни професионалци ориентирани кон постигнување на резултати.
- Конкурентен пакет за наградување
Доколку ги исполнувате условите и верувате дека сте вистинската личност за наведената работна позиција, испратете кратка биографија на македонски јазик на е-маил адреса [најави се за да го видиш е-маилот] со назнака “апликација за работно место “Оператор во одржување”.
Компанијата изборот на соодветен кандидат ќе го изврши во законски определениот рок во зависност од бројот на пријавените кандидати.Сите апликации ќе бидат разгледувани во строга доверливост.
Слични огласи »