Доколку имате желба да бидете дел од успешен тим, практично да го примените своето знаење во областа на директна продажба и да работите со врвни професионалци, аплицирајте за продажен асистент во MY:TIME Скопје. Доколку сте посветени, лојални и насочени кон постигнување резултати и доколку сакате да придонесете за сопствениот и развојот на најуспешната македонска компанија за дистрибуција на брендирани часовници и накит, аплицирајте на овој оглас.
Потребни квалификации:
- Завршено минимум средно образование
- Одлично познавање на Англиски јазик
- Познавање на Microsoft Excel и Word
- Одлични комуникациски вештини
- Флексибилност и динамичност
Работни обврски:
- Продажба и услуга на клиенти
- Промовирање на Клубот за лојалност на MY:TIME – www.club.mytime.mk
- Прием и изложување на роба
- Евиденција на документи во малопродажба
- Одржување на хигиена во малопродажниот објект
- Почитување на процедурите за малопродажба во MY:TIME
- Грижа за имиџот на компанијата
- Постојано надградување на знаењето за техничките спецификации на часовниците
Услови за работа:
- Бесплатна обука за продажба, одржана од реномирана македонска консултантска компанија
- 40 работни часа, 6 дена во неделата
- Пријавени на полно работно време
- Претходно работно искуство не е задолжително