ЦЕРМАТ ДОО лого

Оператор во магацин за готов производ (комораш) - Битола

За компанијата: Почетоците на ДОО Цермат од Битола датираат од 1995 година кога е основана како фирма во приватна сопственост за производство на сладолед. Како современа европска компанија ги следи светските трендови со постојано усовршување во уметноста наречена сладолед. повеќе за компанијата »

ЦЕРМАТ доо Битола како водечка компанија во државата со повеќе од 25 години искуство во областа на производството и продажбата на сладолед и дополнителен замрзнат асортиман, и богато портфолио на производи и брендови Ви нуди вистински предизвик.  

Доколку си во потрага по работна позиција исполнета со комуникација, продажни предизвици и работни задачи, а воедно сакаш личен и кариерен развој, пријави се на една од следните отворени работни позиции:

ОПЕРАТОР ЗА МАНИПУЛАЦИЈА ВО ГОТОВ ПРОИЗВОД (КОМОРАШ)

ШТО Е ТОА ШТО ГО БАРАМЕ?  

• Минимум ССС;  

• Организираност и прецизност во работењето;  

• Посветеност во работењето;

• Редовно и навремено присуство на работно место;

• Способност за ориентација и работа со преносен рачен компјутер (хенд);  

ШТО Е ТОА ШТО ГО НУДИМЕ:  

• Професионален кариерен развој;  

• Неопходни средства за работа (Заштитна ХТЗ опрема за работа на ниски температури);  

· Пријатна и динамична работна атмосфера;  

• Почетна обука.

КРАТОК ОПИС НА ОСНОВНИТЕ ОДГОВОРНОСТИ:  

• Превземање на претходно подготвени нарачки со преносен рачен компјутер (хенд);

• Извршување на налози за прием и излез на палети со роба од локација;

• Одржување на хигиена на средствата за работа;

• Дневна координација со тимот од магацин за готов производ.

• Транспорт на роба низ магацин за готов производ со рачен електричен вилушкар (EXU-SF20).

 

КАКО ДА СЕ АПЛИЦИРА: Кандидатите кои ги исполнуваат условите наведени во огласот треба да аплицираат со испраќање на CV (со фотографија и контакт информации – контакт телефон и е-маил адреса), на следниот е-маил: [најави се за да го видиш е-маилот] најдоцна до 15.12.2022 година, со наведено за која позиција се однесува апликацијата. Со праќање на Вашата апликација, давате согласност Вашите податоци да бидат задржани и користени од компанијата во рок од 1 (една) година. Кандидатите кои ќе ги исполнат наведенети услови ќе бидат контактирани за текот на понатамошната постапка во рок од 15 до 30 дена. 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · забава · hr вести · hr совети · блог
барај огласи за вработување »