Систем интегратор во Центар Dell

Плата: од 45.000 ден.
Објавенпред 54 минути
Активен до24.11.2026
ПозицијаПрограмер/Информатичар
ЛокацијаСкопје
Телефон023146491
Веб-страницаhttps://www.makpetrol.com.mk
За компанијата

Уште од основањето, повеќе од седум децении, Макпетрол АД отсекогаш бил предводник во примената на новитетите во погонските горива, во унапредувањето на квалитетот на своите производи, како и во воведувањето... Повеќе за компанијата »

Опис на огласот

Макпетрол АД Скопје, преку својот Центар DELL, повеќе од три децении успешно гради присуство во областа на информатичките технологии и е еден од водечките систем интегратори во земјата. Како долгогодишен партнер на Dell, Microsoft, Cisco и други светски реномирани технолошки компании, Центар DELL развива и имплементира современи ИТ-решенија, поврзувајќи иновации, знаење и технологија.

Придружи се на нашиот тим и искористи ја можноста за работа со современи технологии, професионален развој и нови технолошки предизвици!

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

Работно место: Систем интегратор во Одделение за развој и имплементација на нови технологии и системи при Секторот за техничка поддршка и сервис во Дирекција за Центар Делл, на определено време од 5 (пет) месеци, со можност за продолжување на договорот.

Работни задачи и одговорности:

  • Врши инсталација, конфигурирање и одржување на персонални компјутери, компјутерски компоненти и придружна опрема.
  • Учествува во имплементација, поврзување и интеграција на хардверски и мрежни системи.
  • Обезбедува техничка поддршка, идентификува и учествува во решавање на технички проблеми поврзани со компјутерската опрема и системите.
  • Врши основна дијагностика и проверка на функционалноста на компјутерската и мрежната опрема.
  • Учествува во воведување и примена на нови технолошки решенија и системи.
  • Остварува комуникација и соработка со корисниците и клиентите, со цел навремено и ефикасно решавање на нивните барања.

Потребни квалификации и вештини:

  • Завршено високо образование;
  • Претходно работно искуство од најмалку 3 години;
  • Активно познавање на англиски јазик;
  • Основно познавање на оперативни системи и канцелариски програми (Outlook, Word, Excel);
  • Основно познавање на персонални компјутери и нивните компоненти;
  • Познавање на интернет и мрежни технологии;
  • Развиени комуникациски вештини и искуство во работа со клиенти;
  • Аналитичност, одговорност и способност за решавање проблеми.

Начин на апликација:

Кандидатите својот интерес за вработување можат да го искажат преку пополнување на формуларот наведен во огласот.

По истекот на рокот за поднесување на потребните документи, со кандидатите кои ги исполнуваат бараните услови ќе биде спроведено интервју за вработување.

Изборот на пријавените кандидати ќе се изврши во рок од 45, 90 или 120 дена по истекот на рокот на пријавувањето, во зависност од бројот на пријавените кандидати, а согласно членот 23 став 2 од Законот за работните односи.

Со аплицирањето се смета дека кандидатите се согласуваат Макпетрол АД Скопје да може да ги собира, обработува и чува нивните лични податоци за потребите на процесот на регрутација за цело време додека трае истиот, согласно законските прописи.

Кандидатите можат согласноста за обработка на личните податоци да ја повлечат во секое време со доставување на барање за истото на следниот e-mail: [најави се за да го видиш е-маилот] .

Аплицирај за огласот

KARIERA.mk
Провери ја поштата по аплицирањето за потврда.

Слични огласи за работа

Повеќе

Едукација и обуки

Повеќе