
За компанијата:
Евротип спортските обложувалници се прва битолска компанија која се занимава со приредување на игри на среќа – спортско обложување. Првата локација за остварување на нашата дејност е во Битола.... повеќе за компанијата »
Поради проширување на нашиот маркетинг тим во Битола бараме професионалец кој ќе биде вклучен во маркетинг активностите на дневна база. Идеалниот кандидат треба да поседува искуство и да биде проактивен дигитален маркетер кој ќе ја спроведува и унапредува маркетинг стратегијата.
Основни должности:
- Изработка на спортско – информативна, промотивна содржина и содржина за обложување на социјалните мрежи и другите компаниски канали на комуникација, како и нивно пласирање преку адекватни маркетинг алатки и програми,
- Управување со комуникацијата на социјалните мрежи,
- Постојано следење на новитети и трендови во делот на онлајн маркетинг,
- Креирање и имплементирање на маркетинг стратегии наменети за дигиталните медиуми,
- Менаџирање и оптимизирање на кампањи на дигитални медиуми,
- Редовно следење на ефикасноста на дигиталните активности,
- Мерење на резултати, нивна интерпретација и анализа,
- Креирање на извештаи за завршените задачи,
- Спроведува други маркетинг должности кога е потребно,
- Координација и соработка со останатите сектори во компанијата.
Потребни квалификации:
- Одлично познавање и искуство во работење со социјални мрежи (Facebook ,Instagram, Twitter платено рекламирање,
- Напредно познавање на Facebook Ads Manager, Google Adwords и Google Analytics,
- Познавање на SEO оптимизација и Google AdWords
- Силни аналитички вештини, способност за следење, анализа и рапортирање на резултати и давање препораки за оптимизација и подобрување;
- Познавање на Adobe Photoshop или Ilustrator.
- Способност за функционирање во динамична средина, со изострено око за детали;
- Иницијативност, со способност за извршување повеќе задачи;
- Креативност и само-мотивираност;
- Силни стратешки, аналитички вештини и способност за проектен менаџмент;
- Ефективни copywriting способности за дигитални медиуми;
- Познавање од областа на спортот (светски и домашен), спортска терминолоигја, принципи на обложување и правила на игра.
- Познавање на англиски јазик.
Доколку сакате да бидете дел од нашиот тим, испретете го Вашето CV на следната емаил адреса [најави се за да го видиш е-маилот]
Во насловот на меилот (subject) наведете ја позицијата за која аплицирате.
Слични огласи »