HeadHunter лого

СТРУЧЕН КООРДИНАТОР ЗА ПРОДАЖБА

За компанијата: The HeadHunter Group, е иновативна компанија за вработување и регрутација, со свои канцеларии во Македонија, Албанија, Косово, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Србија, Кипар, Грција и САД. Ние нудиме највисок... повеќе за компанијата »

Job Good! Life Good!

The HeadHunter Group, е иновативна компанија за вработување и регрутација, со свои канцеларии во Македонија, Албанија, Косово, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Србија, Кипар, Грција и САД. Ние нудиме највисок менталитет во менаџментот на човечки ресурси и нашата основна дејност се кадровски решениа за барателите на работа и работодавачите. За потребите на наш клиент, Триглав пензиско друштво АД Скопје, член на Групацијата Триглав, бараме:

 

 

                                          СТРУЧЕН КООРДИНАТОР ЗА ПРОДАЖБА

 

 

 Опис на работното место:

- Регрутира и обучува кандидати за продажни агенти

- Организира и раководи сопствена продажна структура - тим од надворешни продажни агенти

- Врши супервизија на тековните продажни резултати во сопствената структура

- Директно учествува и помага во реализацијата на поставените продажни цели

- Организира деловни средби и презентации по регионите за кои е одговорен

- Тековно ги комуницира и ги посетува агентите од сопствената продажна структура и прави анализа на       поставените задачи и квалитетот на опслужување на клиентите

- Работи индивидуално со агентите во структурата, дава насоки во однос на контактирањето на       потенцијални клиенти и споделува успешни продажни вештини и позитивни искуства

- Го известува директорот за продажба во случај на констатирани проблеми и дава предлози за нивно  надминување

 

Квалификации:

- Високо образование или средно образование по исклучок, доколку кандидатот поседува големи     искуство    во продажбата на финансиски услуги или раководење на продажни тимови

- Способност и желба за работа со клиенти

- Аналитички способности

- Способност за убедителна комуникација и менаџирање на тим

- Подготвеност за работа на теерен во Скопје и останатите места во државата

- Возачка дозвола Б категорија

 

Друштвото нуди:

- Почетна нето плата во износ од 25,000 МКД

- Конкурентен систем  на наградување (варијабилен дел на платата) за постигнатата работна успешност

- Вклучување во професионалната пензиска шема на Друштвото

- Работното време е 8 часа на ден, секој работен ден од понеделник до петок

- Динамична работа, можност за личен и професионален напредок во најголемата осигурителна групација    во регионот

 

Заинтересираните кандидати ги покануваме да аплицираат! Доколку имате прашања  поврзани со апликациите, контактирајте ја Ѓ-ѓа Јулијана Миновска на +389 70 379 914 (Понеделник-Петок) или испратете email на  [најави се за да го видиш е-маилот]  до 09.07.2019.


Пробајте го The HeadHunter за вашиот успех!
Доверете ја вашата кариера на ВИСТИНСКИТЕ професионалци!

Ве молиме бидете информирани дека само кандидатите селектирани за интервју ќе бидат контактирани. При аплицирање напомнете ја позицијата за која аплицирате.

 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · забава · hr вести · hr совети · блог
барај огласи за вработување »