К РИСОРСИНГ ДООЕЛ Скопје лого

Главен Пекар/ка

Плата од 40.000 ден. до 60.000 ден.

За компанијата:

We are your nearshoring partner and can help your company scale by building dedicated, high-performing teams through deep industry expertise and carefully selected talents.

повеќе за компанијата »

Со големо задоволство го најавуваме отворањето на нов, модерен Nordic Bakery & Deli концепт во Скопје и во потрага сме по талентиран и амбициозен Главен Пекар / Слаткар кој ќе стане клучен дел од нашиот тим.

Доколку имате страст за врвно пекарство, внимание за детали и желба да работите со автентични Скандинавски техники, ова е вистинската можност за вас.

Избраниот кандидат ќе има уникатна можност да присуствува на професионална обука во Копенхаген, Данска (3-5 дена), со целосно покриени трошоци, каде ќе се стекнете со знаење за традиционални дански методи на пекарството.

Одговорности:

  • Подготовка и печење висококвалитетни дански пецива и производи од лиснато тесто
  • Одржување на конзистентен квалитет, вкус и визуелна презентација
  • Почитување на највисоки стандарди за хигиена и безбедност
  • Организација на дневно производство и подготовка на состојки
  • Координација со тимот за ефикасна и навременска изработка
  • Одржување на чист и функционален работен простор
  • Активно учество во продажба и презентација на производите
  • Работа со асортмани кој вклучува: пецива, свеж леб, сендвичи и гурмански деликатеси

Квалификации:

  • Минимум 5 години искуство во пекарство/слаткарство
  • Прецизност, одговорност и посветеност на квалитет
  • Способност за работа во динамична и брза средина
  • Тимски дух и позитивен пристап
  • Подготвеност за работа во смени
  • Лидерско искуство е предност, но не е задолжително

Што нудиме:

  • Конкурентна плата во зависност од искуството
  • Премиум приватно здраствено осигувуање
  • Целосно платена обука во Копенхаген
  • Можност за специјализација во данско пекарство
  • Работа во креативна и инспиративна средина
  • Можност за професионален развој и напредување

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · hr вести · забава · здравје · hr совети · блог
барај огласи за вработување »