Промовирани огласи »

„Градски воз“, нови 100 автобуси и БРТ - Ќе има ли конечено решение за сообраќајот во Скопје?

Ќе има ли конечено решение за сообраќајот во Скопје?

Првата делница од проектот „Градски воз“, на релација од Зелениково до Транспортен центар Скопје, долга 25 километри, ќе биде завршена до јуни годинава. Во текот на летото ќе следуваат тестирања, а линијата се очекува да биде пуштена во употреба од 1 септември.

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски информира дека реализацијата на првата делница е во согласност со планираната динамика и во моментов се завршени околу 65 проценти.

Нашата цел е на 1 септември, со почетокот на школската година да почне да функционира „Градскиот воз“ на линија Зелениково, Драчево, Ново Лисиче, Аеродром, Нова железничка станица. Убеден сум дека ова многу ќе помогне во растоварување на сообраќајот, а исто така и во очекување на зимата и во намалување на загадувањето. За таа цел со Железници Транспорт интензивно работиме на обезбедување на дополнителни гарнитури на возови, затоа што ќе се зголеми сообраќајот и тоа проект кој што го работиме, изјави вицепремиерот Николоски и додаде:

Jaвното претпријатие Железничка инфраструктура доста напредува со проектирањето на другите две линии и работата оди побрзо од што беше планирано и очекувано. Очекуваме во текот на оваа година да се распише јавен повик односно тендер за двете делници заедно, што значи дека ќе го скратиме рокот на комплетно завршување на проектот Градски воз до крајот на 2027 година и ќе имаме три линии функционални. Во добра соработка со ЈСП ќе значи едно целосно растеретување на сообраќајот во градот. Ако на тоа се надоврзе и проектот БРТ веќе мислам дека во 2029 година ќе имаме целосно нова сообраќајна инфраструктура, кажа Николоски.

Директорот на ЈП Железничка инфраструктура, Синиша Ивановски, истакна дека во овој момент дрвените прагови се заменуваат со бетонски.

Очекуваме до крајот на мај, некаде во јуни сите градежни работи поврзани со оваа делница да бидат завршени. Се работи на замена на дотраени дрвени прагови коишто некаде датираат од 1959 година, некаде од 1965 или 1969 година и беа во незавидна состојба. Во овој момент тие се заменуваат со бетонски прагови коишто беа залихи од претпријатието од пред една или две декади. Притоа, со нивното искористување на оваа делница ќе постигнеме возење до проектирана брзина некаде и до 80-90 километри на час, за разлика од сега кога се вози со 20 до 30 километри на час, рече Ивановски.

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски оцени дека со проектот „Градски воз“, набавката на новите 100 автобуси и проектот за БРТ, значително ќе се подобри квалитетот на сообраќајниот транспорт во Скопје.

Според најавите, „Градскиот воз“ ќе сообраќа на секој час, а возниот ред ќе биде усогласен со автобускиот превоз на ЈСП. Цената на билетот сè уште не е утврдена, но надлежните уверуваат дека ќе биде прилагодена на животниот стандард на граѓаните. 

Тагови: автобус Александар Николоски Скопје сообраќај

Промовирани огласи »

Совршен ден пред нас искористете го максимумот

Идеален ден за прошетка, кафе или одмор

Сончево и пријатно топло време со повремена мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Во Скопје ќе преовладува сончево време со топли температури, проследено со слаб северен ветер.

Временска прогноза за Скопје. За другите градови кликни ТУКА.

6.4.2026 Понеделник   11° / 12° 08:09   21:07
0h1h2h3h4h5h6h7h8h9h10h11h12h13h14h15h16h17h18h19h20h21h22h23h






















12°
11°

3

2
7.4.2026 Вторник   / 22° 08:08   21:08
0h1h2h3h4h5h6h7h8h9h10h11h12h13h14h15h16h17h18h19h20h21h22h23h
10°








11°
15°
17°
18°
20°
20°
21°
22°
22°
22°
20°
17°
15°
14°
12°

2

2

2

2

3

3

3

3

3

3

2

2

2

2

3

3

2

2

3

3

2

2

2

2
8.4.2026 Среда   / 17° 08:06   21:09
0h1h2h3h4h5h6h7h8h9h10h11h12h13h14h15h16h17h18h19h20h21h22h23h
11°
11°
10°





10°
12°
12°
13°
14°
15°
16°
17°
17°
16°
15°
14°
11°




3

3

3

3

3

3

3

3

4

5

5

6

6

6

6

6

6

5

5

4

3

3

2

2

Промовирани огласи »

Ментално здравје на работа: Практични стратегии за компании

Култура на притисок: Како компаниите несвесно го уништуваат тимот

Во современото работно опкружување, менталното здравје на вработените повеќе не е само индивидуална одговорност, туку стратешки приоритет за компаниите. Зголемениот стрес, брзото темпо на работа и постојаните промени придонесуваат кон појава на прегорување (burnout), намалена продуктивност и поголема флуктуација на кадар.

Компаниите кои активно инвестираат во благосостојбата на своите вработени не само што создаваат поздрава работна средина, туку и постигнуваат подобри бизнис резултати.

1. Поттикнување отворена комуникација

Создавањето култура каде вработените се чувствуваат безбедно да зборуваат за предизвиците е клучно. Редовните one-on-one средби и анонимните анкети можат да помогнат во рано препознавање на проблемите.

2. Флексибилни работни услови

Хибридниот модел, флексибилното работно време и можноста за работа од дома значително го намалуваат стресот и го подобруваат балансот помеѓу работата и приватниот живот.

3. Обуки за менаџери

Менаџерите имаат клучна улога во препознавање на знаците на стрес и прегорување. Инвестирањето во нивна едукација за емоционална интелигенција и лидерство е од суштинско значење.

4. Програми за поддршка на вработени (EAP)

Обезбедување пристап до психолошко советување или coaching услуги им помага на вработените да се справат со лични и професионални предизвици.

5. Поттикнување паузи и одмор

Културата на „постојана достапност“ треба да се замени со поттикнување редовни паузи, користење годишен одмор и почитување на работното време.

6. Препознавање и наградување

Признанието за добро завршена работа директно влијае на мотивацијата и менталната благосостојба. Дури и малите гестови можат да направат голема разлика.

Грижата за менталното здравје не е трошок, туку инвестиција. Компаниите кои ќе создадат поддржувачка и флексибилна работна средина ќе имаат поангажирани, продуктивни и лојални вработени. Во време кога талентите имаат избор, токму ваквите компании ќе бидат првиот избор на пазарот на труд.

Прочитајте и за: Најчести предизвици во регрутацијата и како да се решат ефективно

Тагови: HR трендови

Промовирани огласи »

Топ 3 пролетни цвеќиња за април што ќе ја разубават вашата градина

Сакате шарен двор? Овие 3 цвеќиња се must-have во април

Април е месец кога природата се буди во полн сјај, а градините и балконите почнуваат да се исполнуваат со бои и мириси. Ова е идеален период да се засадат или уживаат некои од најубавите пролетни цвеќиња кои не само што го разубавуваат просторот, туку носат и позитивна енергија и свежина во секој дом.

Едно од најпопуларните цвеќиња во април е лалето. Ова е симбол на пролетта, познато по своите елегантни форми и богата палета на бои – од нежни пастелни до интензивни нијанси. Лалињата се лесни за одгледување и се совршени и за дворови и за саксии на балкон.

Второто цвеќе што доминира во април е нарцисот. Со својата препознатлива жолта боја, тој носи чувство на топлина и радост. Нарцисите се отпорни и не бараат многу грижа, што ги прави идеален избор за почетници во градинарството.

Трето, но не помалку впечатливо, е зумбулот. Ова цвеќе е познато по својот силен и пријатен мирис, како и по густите цветни гроздови. Зумбулите се одличен избор за украсување на ентериерот, бидејќи внесуваат свежина и природна арома во просторот.

На крај, без разлика дали имате голема градина или мал балкон, овие три пролетни цвеќиња се одличен избор за април. Тие не само што ќе го разубават вашиот простор, туку ќе ви помогнат да ја почувствувате вистинската магија на пролетта. 

Тагови: градина цвеќе април лале нарцис зумбул

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »