
За компанијата: „Синцеритас“ АД Скопје е фармацевтска компанија чиј фокус на работење е култивирањето и производството на канабис за медицинска намена. Работните практики и политики во нашата компанија се усогласени со...
повеќе за компанијата »МОЛЕКУЛАРЕН БИОЛОГ
Задолжително е пријавените кандидати да ги исполнуваат следните услови:
- M-р. (биологија на растенија, молекуларна биологија, фармација) со 1 години работно искуство;
- ВСС (биологија на растенија, култура на ткива или молекуларна биологија) со 3 години работно искуство;
- Претходно искуство во работа со растително ткиво/клеточна култура (асептички услови), подготовка на узорци, ракување со стаклени садови, чистење, автоклавирање и подготовка на медиуми;
- Претходно искуство во молекуларна биологија при истражување на растение, молекуларно клонирање, полимеразна верижна реакција, дизајн на подлога, векторска конструкција, секвенционирање, секвенцна анализа на податоци, електрофореза со гел, екстракција и пурификација на ДНК;
Одговорности и работни задачи:
- Пишување на протоколи за одгледување;
- Следење на процесот на одгледување и одобрување на промени во начинот на одгледување, врз основа на научни сознанија;
- Подготовка на стандардни оперативни процедури согласно GACP и обука на операторите;
- Водење записи за производни постапки, инструменти, согласно барањата на системот за квалитет;
- Извршување и завршување на бараните експерименти за истражување и развој на растението во тимска средина;
- Следење на трендови во селекција на растителни видови, и воведување на нови техники на одгледување;
- Работа со и одржување на лабораториска опрема/инструменти;
- Одржување на лабораториската документација на високо-квалитетно ниво, во согласност со применливите регулаторни водичи, како и Стандардните оперативни процедури;
- Документирање на резултатите од експериментите, анализирање на податоци, документирање и одржување на податоците за сериите, итн.;
- Предлагање на иновативни методи на работење, како и подобрување на методите и процедурите со цел подобрување на работната ефикасност и примена на најнови
- технологии. Консултирање со литература со цел добивање основни информации поврзани со експериментот;
- Развивање нови методи и работење со цел подобрување на ефикасноста на постоечките методи и поставените Стандардни оперативни процедури;
- Асистирање при следење на употребата и залихите, одржување соодветна лабораторија;
- Следење на технички достигнувања во молекуларна биологија на канабис;
Од кандидатите за бараната позиција се очекува да ги поседуваат следните вештини, способности и лични особини:
- Организираност и ефикасност;
- Способност за тимска работа;
- Способност да работи под притисок, да донесува доверливи одлуки и да биде решителен-на;
- Работа со дадени рокови;
- Следење на интерните правила и процедури;
- Самоиницијативност и самокритичност;
Дополнителни информации:
Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови, своите биографии можат да ги испратат на е-маил: [најави се за да го видиш е-маилот]
Слични огласи »