Компанијата Пакет.мк, најголем онлајн супермаркет во Македонија, го проширува својот тим и има отворена позиција за:
Примач на роба
Локација: Магацин – Пинтија, Скопје
✅ Твоите главни задачи ќе бидат:
Прием и проверка на роба
Сортирање и складирање на производи во магацин
Контрола на квалитет и количина при прием
Комуникација со доставувачи и магацински персонал
Внесување на податоци во систем по потреба
💼 Нудиме:
Очекувана нето плата: 25.000 – 35.000 денари
Работа со полно работно време: 40 часа неделно (понеделник – петок)
Работа во современи и уредни магацински услови
Редовна исплата и стабилна работна позиција
Пријатна работна атмосфера и поддршка од искусен тим
Целосно пријавување со платено осигурување
Слободен ден за роденден + изненадување
Попуст за нарачки на вработени
👤 Кого бараме:
Одговорна и прецизна личност со желба за работа
Физичка подготвеност за работа со палети и пакети
Искуство со магацинска работа е предност, но не е задолжително
Аплицирај со пополнување на едноставниот формулар: https://paket.mk/info/kariera