
За компанијата: Компанијата е основана во 1991 год. во Скопје и иницијално се занимава со увоз и извоз на стоки од широка потрошувачка. Во 1996 год. за прв пат доби можност да врши увоз, дистрибуција и продажба на производите...
повеќе за компанијата »Ние во Алма-М веќе 29 години сериозно ги проучуваме и подготвено ги пречекуваме сите промени и новости кои доаѓаат, преку развој, дејствување и трансформација на бизнисот, носејќи нови квалитети за нашите клиенти. Посветуваме посебно внимание на развој на човечките ресурси. Привлекуваме, развиваме и задржуваме најдобри професионалци и наградуваме за нивните резултати.
Алма – М ДООЕЛ
Качанички пат бр.65а, Скопје
www.alma-m.mk
е-пошта: [најави се за да го видиш е-маилот]
објавува ОГЛАС за следната работна позиција:
МАГАЦИОНЕР - Пикер во комора за сладолед
Датум на објава:
29 Јануари 2020
Рок за пријавување до
9 Февруари 2020
Број на оглас:
О-200129-М-М
Сектор:
Логистика
Локација:
Скопје
Под супервизија на:
Супервизор на магацин
Работни задачи:
- Подготовка на нарачки во температурен режим од -25 степени,
- Одржување на хигиена во магацин,
- Броење на роба за време на пописи на месечно ниво,
- други работи по налог на претпоставениот
Потребни квалификации и вештини:
- Минимум завршено средно образование,
- Флексибилност за работа, одлична комуникација, фокусираност,
- Професионално однесување и организираност,
- Мотивирана и стабилна личност,
- Динамичен, проактивен и насочен кон резултати,
- Способност за индивидуална и тимска работа,
- Позитивен однос кон промени,
- Поседување возачка дозвола Б – категорија,
Потребно искуство:
- Претходно работно искуство не е потребно
Сите што ги поседуваат горенаведените квалификации и вештини СЕ ПОКАНЕТИ ДА АПЛИЦИРААТ со нивната професионална биографија која може да ја достават на следната e-пошта:
[најави се за да го видиш е-маилот] со задолжителна назнака на бројот на оглас, во насловот на пораката.
Напомена:
- Работниците на оваа позиција имаат бенифициран стаж.
- Работниот однос се заснова на определено време од 1 месец (период на докажување на способности), со можност за продолжување.
- САМО кандидат(к)ите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.
- Апликациите без назнака на бројот на оглас, во насловот на пораката, НЕМА да бидат разгледани!
- Дневно работно време е од 14:00 до 22:00 часот, од понеделник до петок.
- Паричниот износ на нето плата за огласеното работно место, изнесува во опсег од 20.000,00 до 25,000,00 во зависност од работната успешност.
- Рок во кој ќе се изврши изборот – доколку на огласов се пријават до 200 кандидати, изборот ќе се изврши во рок од 45 дена, од 201 до 500 кандидати, изборот се врши во рок од 90 дена и над 500 кандидати, изборот се врши во рок од 120 дена, по истекот на рокот за пријавување.
- Ве молиме без телефонски јавувања
АЛМА-М ДООЕЛ Скопје е секогаш отворена за соработка со кандидати кои се вредни ентузијасти и сакаат да работат со тим кој секогаш е спремен за нови предизвици во иновативна и динамична околина.
Останати огласи »