Добивај е-маил известувања за секој нов оглас.
Огласот е за две позиции од истото работно место. Огласот е отворен до исполнување на позициите
Аплицирајте исклучиво со испраќање на CV и кратко писмо за мотивација (до 100 збора) на [најави се за да го видиш е-маилот]
Paket.mk е најголемиот онлајн супермаркет кој воедно е и најбрзо растечката интернет продавница во Македонија. Меѓу другото, познати сме по добрата комуникација, одличната корисничка поддршка, точноста и исполнителноста.
Имаме потреба од личност со силни комуникациски и аналитички способности која ќе биде задолжена за:
Комуникација со потрошувачите
Навремено одговарање на барањата на корисниците преку комуникациските канали (чет, емаил тикети и телефон)
Канализирање на пристигнатите барања од други надворешни лица
Решавање на проблеми и конфликтни ситуации преку менаџирање на корисничкото задоволство
Тековни активности поврзани со системот за достава, системот за залихи и веб продавницата
Влистување на нови и ажурирање на постоечките производи во системот за залихи и веб продавницата
Комуникација и асистенција на тимот за комплетирање на нарачките
Координација со тимот за навремена достава на нарачките
Асистирање на менаџерите од другите другите области во компанијата
Помош во општите канцелариски работи
Потребни вештини:
Тимски дух, all-round личност, проактивност
Завршено високо образование
Искуство во деловна комуникација
Талентираност и чувство за социјална комуникација, решавање на проблеми и пријателски пристап
Трпеливост и висок праг на толеранција
Силна желба за работа со системи за залихи, CMS, системи за достава и аналитички софтвери
Одлично познавање на Англиски јазик
Прецизност, исполнителност и чувство за детали
Креативност, чувство за естетика и талент за пишување
Би било одлично и доколку:
Имаш искуство во е-трговија
Имаш искуство во корисничка поддршка
Поволности кои ги добиваш:
Работа од канцеларија
Службен лаптоп и телефон за комуникација со клиентите
Флексибилно работно време во две смени (пон - пет 8-16ч или пон - пет 15-21ч и сабота 9-19ч)
Фиксен месечен надоместок и можност за бонуси
Тековни обуки, усовршување и голема можност за напредок
Плата:
17.000 + можност за бонус до 20%, со можност за покачување по 6 месеци
Можност за унапредување
Слични огласи »
Обуки
пред 45 минути
пред еден час
пред 2 часа
пред 3 часа
пред 4 часа
пред 5 часа
пред еден ден
пред 2 дена
пред 3 дена
пред 4 дена