
За компанијата:
TОЛЛАКС ДОО Скопје, една од најуспешните малопродажни компании со 40 годишна традиција, сопственик на ланецот на 20 специјализирани продавници М1киоск, М1медиа, и Поло маркет, поради брз раст на компанијата... повеќе за компанијата »
- Објавен на 3.2021
- Толлакс
- Активен до 31.03.2021
- Позиција: Економист/Сметководител/Ревизор
- Локација: Скопје
- Веб: tollaks.mk
- Facebook: линк
- Instagram: m1kiosk
Толлакс ДОО Скопје
има потреба од Сметководител:
ОПИС НА РАБОТНОТО МЕСТО
- Комплетно водење на сметководственото работење и контрола на целокупниот сектор согласно законската регулатива како и сметководствените политики на фирмата.
- Следење и наплата на побарувањата од сите правни лица за купопродажба на стоки.
- Изготвување неделен план за плаќање и реализирање на налози во електронско банкарство.
- Изготвување на неделни и месечни извештаи за Генералниот директор;
- Ги изготвува во предвидените рокови сите извештаи кои согласно законската регулатива треба да се достават до Министерство за финансии-УЈП, НБРМ, Царинска управа, Статистика, Завод за вработување и комуникација со истите.
- Изготвување на документација за Плата, пресметка на ДДВ и Данок на добивка.
- Ги врши сите подготвителни работи во врска со годишната сметка и изготвување на истата заедно со финансовиот директор;
- Извршување на сите други задачи и барања од страна на Генералниот директор и во рамки на сметководството и финансиите.
ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ
- Уверение за овластен сметководител;
- Минимум 3 години работно искуство;
- Познавање и користење на англиски јазик, се смета за преднос;
- Одлично познавање и работа со Excel;
ПРОФЕСИОНАЛНИ ЗНАЕЊА И СПОСОБНОСТИ
- Добри аналитички способности, уредност и одговорност;
- Умешност да се работи со голем број информации;
- Работа во куси временски рокови;
- Способност за индивидуална и тимска работа;
- Одговорна и лојална личност.
- Плата Солидна по договор
Контакт Број 075 426 882
Испратете CV na [најави се за да го видиш е-маилот] со назнака ЗА СМЕТКОВОДИТЕЛ
Слични огласи »