
За компанијата: Компанијата е основана во 1991 год. во Скопје и иницијално се занимава со увоз и извоз на стоки од широка потрошувачка. Во 1996 год. за прв пат доби можност да врши увоз, дистрибуција и продажба на производите...
повеќе за компанијата »Ние во Алма-М веќе 29 години сериозно ги проучуваме и подготвено ги пречекуваме сите промени и новости кои доаѓаат, преку развој, дејствување и трансформација на бизнисот, носејќи нови квалитети за нашите клиенти. Посветуваме посебно внимание на развој на човечките ресурси. Привлекуваме, развиваме и задржуваме најдобри професионалци и наградуваме за нивните резултати.
Алма – М ДООЕЛ
Качанички пат бр.65а, Скопје
www.alma-m.mk
е-пошта: [најави се за да го видиш е-маилот]
објавува ОГЛАС за следната работна позиција:
10 ДЕКЛАРАНТИ - ПАКУВАЧИ
Датум на објава:
1 Октомври 2020
Рок за пријавување до
4 Октомври 2020
Број на оглас:
О-201001-М-ДП
Сектор:
Логистика
Локација:
Скопје
Работни задачи:
- Лепење декларации на прехранбени производи,
- Пакување на сетови од производи.
Потребни квалификации и вештини:
- Минимум завршено средно образование,
- Флексибилност за работа, фокусираност,
- Мотивирана личност насочена кон остварување норми,
- Тимски работник,
- Позитивен однос кон промени.
Потребно искуство:
- Претходно работно искуство не е потребно
Работни услови:
- Работниот однос се заснова на определено време од 1 месец (период на докажување на способности), со можност за продолжување.
- Дневно работно време е од 08.00 до 16.00 часот, од понеделник до петок.
- Паричниот износ на основната нето плата за огласеното работно место изнесува 14.934,00 денари.
Сите што ги поседуваат горенаведените квалификации и вештини СЕ ПОКАНЕТИ ДА АПЛИЦИРААТ со нивната професионална биографија која може да ја достават на следната e-пошта:
[најави се за да го видиш е-маилот] со задолжителна назнака на бројот на оглас, во насловот на пораката.
Напомена:
- САМО кандидат(к)ите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.
- Апликациите без назнака на бројот на оглас, во насловот на пораката, НЕМА да бидат разгледани!
- Рокот за пријавување по огласот трае 5 работни дена од објавата.
- Рок во кој ќе се изврши изборот – доколку на огласов се пријават до 200 кандидати, изборот ќе се изврши во рок од 45 дена, од 201 до 500 кандидати, изборот се врши во рок од 90 дена и над 500 кандидати, изборот се врши во рок од 120 дена, по истекот на рокот за пријавување.
- Ве молиме без телефонски јавувања
АЛМА-М ДООЕЛ Скопје е секогаш отворена за соработка со кандидати кои се вредни ентузијасти и сакаат да работат со тим кој секогаш е спремен за нови предизвици во иновативна и динамична околина.
Останати огласи »