За компанијата: ДИВАЈН е full-service компанија посветена на создавање моќни решенија ориентирани кон иднината кои инспирираат со својата единственост.
повеќе за компанијата »ДИВАЈН Проектирање и инженеринг за потребите на својата производствена линија за мебел објавува оглас за АРХИТЕКТ:
Потребни квалификации:
- Завршено релевантно високо образование.
- Најмалку 5 години претходно работно искуство во областа во проектирање и изведба на ентериери и екстериери, како и дизајн и производство на мебел.
- Задолжително одлично познавање и активно работење во AutoCAD, ArchiCAD, Corel Draw и апликациите од MS Office пакетот.
- Одлично познавање и активно работење во 3D Studio Max или слична апликација за 3D моделирање, визуелизација и материјализација на ентериер и екстериер, мебел и елементи за внатрешно уредувањe ќе се смета за предност.
- Овластувања А и В за проектирање и вршење на стручен надзор при изведба.
- Oдлично познавање и активно користење на англиски и/или германски јазик (пишан и говорен).
При аплицирањето задолжително е кандидатите да приложат примероци од овластувањата и да достават сопствено портфолио или истото да го достават на увид.
Сите заинтересирани кандидати кои ги исполнуваат наведените квалификации потребно е да достават (по пошта или e-mail) кратка биографија (CV) со наведување на позицијата за која аплицираат и скорешна фотографија, најдоцна до 30.04.2017 год. на:
ДИВАЈН Производство за мебел,
ул. Борис Трајковски бр. 316, 1000 Скопје
e-mail: [најави се за да го видиш е-маилот]
www.divajn.com

Останати огласи »