
За компанијата: Предизвиците во областа на човечките ресурси не се само наша секојдневна работа, туку се и наша страст. Нашето знаење и експертиза ни дозволуваат да имаме уникатен пристап кон секоја задача. Нашите клиенти...
повеќе за компанијата »Во име на нашиот клиент, Караџи Турс Балкан ДОО, тур-оператор и транспорт на патници, кој постои 10 години, ДЕКРА ја огласува следната позиција:
ОПИС НА РАБОТНОТО МЕСТО:
- Контролинг на примени фактури поврзани со работењето на туристичката дејност;
- Книжење на влезни фактури поврзани со работењето на туристичката дејност;
- Изготвување на излезни фактури поврзани со работењето на туристичката дејност;
- Срамнување на картички со коминтенти.
ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:
- Универзитетска диплома од Економски факултет;
- Работно искуство од најмалку 2 години во областа на сметководството.
ПРОФЕСИОНАЛНИ ЗНАЕЊА И СПОСОБНОСТИ:
- Одлично познавање на MSOffice, особено Excel;
- Познавање на сметководствените стандарди и принципи;
- Владеење на англиски јазик, усно и писмено;
- Способност за брзо учење и прилагодување на внатрешни процедури и политики на компанијата;
- Одлични комуникациски и меѓучовечки односи;
- Одлични организациски способности;
- Способност за одржување дискреција при справувањето со доверливи или осетливи работи.
ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ:
Сите заинтересирани кандидати кои ги исполнуваат горенаведените услови, своите професионални биографии можат да ги проследат на: [најави се за да го видиш е-маилот] со назнака на позицијата за која аплицираат.
Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост.
Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат повикани на интервју.
*Со испраќањето на Вашата кратка биографија и писмо за мотивација, Согласни сте Вашите лични податоци да бидат обработени за потребите на регрутација и селекција од страна на ДЕКРА Арбеит Македонија и истите да бидат зачувани во дата базата на ДЕКРА.
Напомена: Кандидатите можат во секое време да ја повлечат согласноста за обработка на нивната кратка биографија преку испраќање на известување на електронската пошта: [најави се за да го видиш е-маилот]
Слични огласи »