
За компанијата: „АЛФИ БИ КОМПАНИ“ е трговско друштво кое успешно ја гради својата професионална приказна од 1992 година, во рамки на компанијата се отворени и подружниците Алфи Техноцентар во Куманово, која постои 13...
повеќе за компанијата »„АЛФИ БИ КОМПАНИ“ е трговско друштво кое успешно ја гради својата професионална приказна веќе 30 години.
Лоцирани сме во Куманово и Скопје, поради успешната работа и зголемената продажба нашиот тим продолжува континуирано да расте.
Визијата и целите на „АЛФИ БИ КОМПАНИ“ е да ги задоволи потребите на сите купувачи, дури и на оние кои имаат специфични побарувања. Постојано инвестираме во трговскиот капацитет со цел да ја зголемиме комфорноста на нашите ценети купувачи. Нашата основна цел и препознатливост се добрата услуга и врвниот квалитет на производите кои ги нудиме.
Нашите вработени се движечката сила и затоа се стремиме континуирано да вложуваме и инвестираме во чивечките ресурси.
Тимот на „АЛФИ БИ КОМПАНИ“ е препознатлив по својата учтивост, љубезност, услужливост и пријатниот однос со секој потрошувач!
Имаме потреба од:
ЕЛЕКТРИЧАР (работно место Куманово)
Очекувани квалификации, потребни знаења и способности:
- Потребна стручна спрема : Електричар или електротехничар;
- Работно искуство од минимум 2 години;
- Должен е стручно да е оспособен за извршување на работните задачи од работното место.
- Возачка дозвола Б категорија – 2 години
Главни одговорности и обврски:
- Обезбедување и поддршка за правилна состојба, безбедно и сигурно функционирање на електричната опрема;
- Спроведување на тековно и планско одржување и ремонти на електрична опрема;
- Детектирање на причини на степен на истрошеност на електрична опрема и превземање на мерки за нивно предупредување и елиминирање;
- Отстранување на неисправности во работа на електроопремата, нивен ремонт, монтажа и регулациjа.
Обезбедуваме:
- Редовни месечни примања
- Бонуси за успешно работење
- Континуирани обуки според ISO стандард
- Одлични услови за работа и позитивна работна атмосфера
Вашето резиме (CV) доставете ни го на [најави се за да го видиш е-маилот] , со ознака ЕЛЕКТРИЧАР
Можете да не исконтактирате и на телефонскиот број 076 / 448 505
075 / 234 732
*Сите кандидати ќе бидат исконтактирани
*Сите апликации се третираат со доверливост
Слични огласи »