
За компанијата:
TОЛЛАКС ДОО Скопје, една од најуспешните малопродажни компании со 40 годишна традиција, сопственик на ланецот на 20 специјализирани продавници М1киоск, М1медиа, и Поло маркет, поради брз раст на компанијата... повеќе за компанијата »
- Објавен на 11.2021
- Толлакс
- Активен до 17.11.2021
- Позиција: Персонал во продавница/Касиер
- Локација: Скопје
- Веб: tollaks.mk
- Facebook: линк
- Instagram: m1kiosk
TОЛЛАКС ДОО Скопје, една од најуспешните малопродажни компании, сопственик на ланецот на специјализирани продавници М1киоск, М1медиа, и Поло маркет, поради брз раст на компанијата и зголемен обем на работа има потреба од вработување на Продажен персонал во киоск.
Локација: Скопје (строг Центар, Капиштец, Драчево, Кисела Вода, Дебар Маало, East Gate Mall, Црниче, Тафталиџе)
ОДГОВОРНОСТИ И РАБОТНИ ЗАДАЧИ
- Одговорен е за отворање и затворање на продажниот објект
- Одговорен е за продажно услужување на клиентите
- Одговорен е за следење на залихата на стока во продажниот објект и за дополнување на залихата (нарачки)
- Одговорен е за прием на стоката и точност на залихите на стока
- Одговорен е за редење на стоката на соодветна позиција во објектот
- Одговорен е за естетскиот изглед на изложените артикли
- Одговорен е за следење на роковите на употреба на производите
- Одговорен е за истакнување на цените на артиклите, и за следење на промените во цените
- Одговорен е за попис на стоката во објектот
- Се грижи за нормално функционирање на опремата во објектот
- Одговорен е за пополнување на книгата за евиденција на дневен промет
- Одговорен е за примопредавање на смена
- Одговорен е за работа со фискална каса и за точноста на состојбата во благајна
- Одговорен е за вадење на благајнички извештај
- Се грижи во благајната да има готовински средства во количина и вид потребни за нормално работење
- Одговорен е за чување на слиповите од промет со картички
- Одговорен е за хигиената во продажниот објект
- Се грижи за безбедноста на стоката од кражби
- Одговорен е за продажба на лотарија и дополна на мобилни телефони
ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:
- Завршено средно образование
- Основно познавање на работа со компјутери
- Возачка дозвола Б категорија
- Претходно работно искуство во малопродажба на иста или слична позиција ќе се смета за предност
- Активно познавање на англискиот јазик ќе се смета за предност
ПРОФИЛ НА КАНДИДАТОТ
- Услужно ориентиран
- Самостоен во извршувањето на работните задачи
- Вреден, чесен, стабилен и одговорен
- Педантен и уреден
УСЛОВИ ОД КОМПАНИЈАТА
- Работа во успешна, брзорастечка компанија со долгогодишна традиција
- Одлична работна атмосфера
- Соодветна обука за работната позиција
- Стабилни приходи, кои се исплаќаат секогаш на ист ден во месецот
- Солидни приходи, со стимулативно наградување на вработените
- Исполнување на сите законски обврски кон вработените
- Можност за долгорочен однос со компанијата
- Дневното работно време на оваа позиција е во две смени
Доколку ги исполнувате условите за работното место, и сметате дека сте прилагодливи, сакате предизвици, и имате позитивен и професионален пристап кон работата, Ве повикуваме да ја испратите Вашата професионална биографија на македонски јазик преку полето Брза Апликација со назнака “Продажен персонал” во насловот на пораката или на e-mail [најави се за да го видиш е-маилот] . Огласот е отворен 14 дена од датумот на објавување.
Напомена:
Апликациите без приложена биографија нема да бидат разгледувани. Само кандидатите кои ќе влезат во потесен избор ќе бидат контактирани.
Сите апликации ќе бидат третирани со строга доверливост. Со самото аплицирање, кандидатот се согласува неговите лични податоци наведени во биографијата и мотивациското писмо да бидат чувани во базата на податоци и обработувани од Толлакс ДОО Скопје во рок од 1 година од денот на истекот на рокот за избор. Кандидатот има право во секое време да ја повлече дадената согласност за чување и обработка на неговите лични податоци согласно Законот за заштита на лични податоци.
Слични огласи »