
За компанијата: Компанија од фармацевтска индустрија која се занимава со одгледување и екстракција на канабис за медицинска употреба лоцирана во Скопје.
повеќе за компанијата »ОВЛАСТЕН СМЕТКОВОДИТЕЛ / СМЕТКОВОДИТЕЛ - 1 извршител
Опис на работно место:
- Книжење на финансиска документација (влезни и излезни фактури, денарски и девизни банкарски изводи, финансиски документи (договори за дело, одлуки, решенија, компензации и др.), сложување на книговодствена картица со картица на добавувач;
- Изготвување на банковни налози и план за плаќања кон добавувачи согласно листата на отворени ставки;
- Изготвување на извештаи за трошоци, извештаи до надлежни органи и институции, cash flow, извештај за плаќање на кредити, извештаи за кредитна задолженост, реализирани инвестиции во тековната година и други извештаи по барање на претпоставениот;
- Водење евиденција на влезни и излезни фактури и финансиски документи, подготвување и доставување на документи до финансиски институции, усогласување на книговодствената евиденција со фактичка состојба, подготвување на фолио за пресметка на ПДД;
- Благајничко работење;
- Пресметка на амортизација на основните средства;
- Пресметка на ДДВ и месечна обврска за данок на добивка;
- Соработка околу организација и вршење на попис;
- Изготвување на годишна сметка и консолидирана годишна сметка;
- Аналитичка евиденција на работењето по профитни центри;
- Други задачи поврзани со сметководствено и финансиско работење.
Потребни квалификации:
- Најмалку 5 години работно искуство од областа на сметководство;
- Завршено високо образование од областа на сметководство, сметководствено-финансиски менаџмент, ревизија или економија според ЕКТС;
- Уверение за овластен лиценциран сметководител;
- Активно познавање на Microsoft Office апликации (Excel, Word, Outlook), познавање на корпорациски Microsoft Business Control е предност, но не услов;
- Познавање на англиски јазик.
Лични вештини:
- Организираност, прецизност, аналитичност и флексибилност;
- Способност за мултитаскинг и работа со крајни рокови;
- Професионалност, работна етика и доверливост во однос на информации и податоци.
Што нудиме:
- Компетитивна плата;
- Организиран превоз до и од работното место;
- Можност за учење и развој;
- Пријатна работна атмосфера.
Слични огласи »