За компанијата: Агенција Рејтинг е основана во 2007 година од г-дин Ѓорги Спасов, доктор за истражување на јавното мислење и го спроведе првото истражување на јавното мислење во Македонија, додека беше вработен на Институтот...
повеќе за компанијата »Агенција Рејтинг е специјализирана агенција за пазарни истражувања и контакт центар услуги која веќе десет години успешно работи на македонскиот пазар и пазарите во Европа. За потребите на нашите клиенти, креираме тимови за деловна комуникација во различни области кои работат по највисоки професионални стандарди во индустријата.
За работа на нови проекти отворени се позиции за специјалисти за комуникација на англиски јазик(телефонско анкетирање).
Работно време: Понеделник – Петок од 10 - 18 часот.
Задолжителни квалификации за оваа позиција се одлично говорење на англиски јазик. (минимум ниво Ц1, сертификат не е задолжителен).
Потребно е солидно познавање на пакетот МС офис и работа со компјутер.
Искористете ја можноста да се приклучите кон професионален и мотивиран тим каде ќе се надградувате и напредувате во кариерата.
Заинтересираните треба да испратат кратка биографија на нашата е-маил адреса [најави се за да го видиш е-маилот] .