
За компанијата:
Македонијатурист а.д. Скопје е најголемата и најуспешната компанија во областа на хотелиерството и ресторанските услуги во Република Северна Македонија која работи успешно располагајќи со 5 (пет) хотели... повеќе за компанијата »
Македонијатурист АД Скопје има потреба од
Благајник на денарски средства
Локација: Скопје
Компанија: Македонијатурист АД
Почетна нето плата: 40.000 денари + дополнителни бенефиции
ЗА НАС
Македонијатурист АД е водечка хотелска и туристичка групација во Македонија со повеќе оперативни објекти. Со цел зајакнување на финансискиот сектор, компанијата објавува оглас за прием на: БЛАГАЈНИК НА ДЕНАРСКИ СРЕДСТВА, одговорен за ракување, контрола и евиденција на готовински и безготовински трансакции.
ОПИС НА РАБОТНОТО МЕСТО
Благајникот е одговорен за прием, исплата, контрола и евиденција на готовински средства, за изготвување на дневен благајнички извештај и за обезбедување на усогласеност со сметководствените записи.
КЛУЧНИ ОДГОВОРНОСТИ:
- Врши прием и исплата на готовински средства
- Води дневна и месечна благајничка евиденција
- Подготвува благајнички извештаи и салдирања
- Води документација за сите благајнички трансакции
- Обезбедува точност и усогласенот со останатите колеги од секторот Финансии
- Ракува со POS и банкарски уплатници
- Води евиденција за аванси и патни налози
КВАЛИФИКАЦИИ И УСЛОВИ:
- Минимум средно образование
- Минимум 15 години работно искуство на иста или слична позиција
- Практично познавање на готовински и банкарски операции
- Искусен во користење на MS Excel и финансиски програми
- Високо ниво на одговорност, точност и интегритет
- Почитување на процедурите за работа со парични средства
ШТО НУДИ МАКЕДОНИЈАТУРИСТ АД?
- Почетна нето плата: 40.000 денари + дополнителни бенефиции
- Редовна и сигурна исплата секој месец
- Картичка за дневен оброк
- Професионален и поддржувачки финансиски тим
- Стабилно вработување во водечка национална компанија
- Можност за континуиран развој и усовршување
- Попусти и бенефиции во хотелите и рестораните на групацијата
РОК ЗА АПЛИЦИРАЊЕ
до 17.10.2025 година
НАЧИН НА АПЛИЦИРАЊЕ
Испратете CV и кратко мотивационо писмо на е-пошта: [најави се за да го видиш е-маилот] со назнака: „Благајник на денариски средства“
ЗОШТО МАКЕДОНИЈАТУРИСТ АД?
Затоа што кај нас професионалноста, стабилноста и точноста се темел на успехот. Ако сте одговорна личност со искуство во платежното работење – станете дел од нашиот финансиски тим!
Слични огласи »