
За компанијата: Предизвиците во областа на човечките ресурси не се само наша секојдневна работа, туку се и наша страст. Нашето знаење и експертиза ни дозволуваат да имаме уникатен пристап кон секоја задача. Нашите клиенти...
повеќе за компанијата »Во име на нашиот клиент, ЕЛЕКТРОМЕТАЛ 1949,компанија со широк асортиман на производи за целиот дом, ДЕКРА ги огласува следните работни позиции:
1. ПРОДАВАЧ/КИ (за територија на Скопје и Охрид)
ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:
- Средно образование;
- Задолжително познавање на компјутери (MS Office);
- Возачка дозвола Б категорија;
- Комуникациски и организациски вештини;
- Тимски играч;
- Предност ќе се смета познавањето на електро и неелектро материјали, група на производи: кабли и кабловски, прибор, автоматика, бакелитарија, расвета, водовод, санитарија, електричен алат, хемија.
2. КАСИЕРКИ(за територија на Скопје и Охрид)
ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:
- Средно образование;
- Искуство со работа со материјален програм;
- Задолжително познавање на Office пакетот;
- Задолжително познавање на работа со компјутери;
- Комуникациски и организациски вештини;
- Тимски играч;
- Работа во смени;
- Работа со документи поврзани со секојдневното функционирање на продажниот салон;
- Врши наплата на продадена трговска стока или услуга во готово или безготовински со кредитни и дебитни картички или друг тип на безготовинско плаќање;
- Континуирано учење на техничките карактеристики на производите за продажба;
- Други работни задачи поврзани со секојдневното функционирање на продажниот салон.
ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ
Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови, своите професионални биографии можат да ги испратат на [најави се за да го видиш е-маилот]
Крајниот рок за аплицирање е најдоцна до 06/10/2022.
Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост.
Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат повикани на интервју.
*Со испраќањето на Вашата кратка биографија и писмо за мотивација, Согласни сте Вашите лични податоци да бидат обработени за потребите на регрутација и селекција од страна на ДЕКРА Арбеит Македонија и истите да бидат зачувани во дата базата на ДЕКРА.
Напомена: Кандидатите можат во секое време да ја повлечат согласноста за обработка на нивната кратка биографија преку испраќање на известување на електронската пошта: [најави се за да го видиш е-маилот]
Слични огласи »