
За компанијата:
Прима Оптика е основана во 1999 година. Денес, достапна на 5 локации во Скопје: Сити Мол, East Gate Mall, Беверли Хилс, ГТЦ и ТЦ. Лептокарија. Професионален тим и задоволни клиенти се наша примарна цел повеќе од 21 година.
повеќе за компанијата »Прима Оптика има потреба од зголемување на продажниот тим со амбициозни луѓе подготвени за долгорочен ангажман. Бараниот профил се кандидати со возраст од над 30 години, минимум 3 години работно искуство во продажба со активно познавање од работа со клиенти и каса. Предност имаат кандидати кои имаат завршено оптометрија и имаат познавање на стакла, контактни леќи и сончеви очила.
Одбраните кандидати добиваат почетна плата од 18.000 ден, стимулирачки бонуси, работа во мотивирачка средина и можност за напредок. Работните услови опфаќаат 40 работни часа неделно и работа во смени.
Ги повикуваме заинтересираните кандидати да ја испратат својата работна биографија со фотографија и назнака (За продажен асистент) на: [најави се за да го видиш е-маилот] .
Слични огласи »