ЛТХ Леарница ДООЕЛ Охрид лого

Магационер

За компанијата: Ние сме водечка компанија за леење на одливци од алуминиум, произведени со високотехнолошки и еколошки одржливи производни процеси. Нашата мисија се гради врз основ на 75-годишна традиција, знаење, иновации... повеќе за компанијата »

Активни огласи од ЛТХ Леарница ДООЕЛ Охрид:

Product Manager - Оператори на автоматизирани леарски острови (м/ж)

(преземи го огласот како слика)

МАГАЦИОНЕР

-оддел за продажба

 

Бараме одговорен и енергичен магационер кој ќе се грижи за уредноста и ефикасноста во магацинот за продажба. Доколку сте одговорна личност со желба за тимска работа во стабилна и организирана средина – ве покануваме да се приклучите на нашиот тим.

Главни задачи на избраниот кандидат:            

- подготовка и предавање, како и нарачка и преземање на стоката

- грижа за правилно и прегледно складирање во рамките на просторните можности

- грижа за дисциплина и правилна и безбедна манипулација со стоката

- грижа за правилно складирање и постапување со хемикалии односно опасни супстанции

- книжење и раскнижување на стоката во магацините

- контрола и решавање на рекламации

- грижа за водење и архивирање на документацијата во магацините

- грижа за чисто и уредно работно место

- почитување на прописите од областа безбедност при работа и екологија

- извршување други задачи во согласност со обученоста на работникот и упатствата од работодавачот

 

Од кандидатот очекуваме:

- самоиницијативност

- тимска работа

- осет за простор и чистота

- совесност

- насоченост кон работата

- IV. степен, насока: металопреработувачка, техничка, општествена

Позицијата бара користење на заштитна опрема, 40h неделно/ 8h дневно. Локација: ЛТХ Леарница ДООЕЛ Охрид – производни капацитети, работа само претпладне.

На избраниот кандидат му нудиме:  

- соодветен месечен надоместок

- покриени трошоци за превоз до и од работа ( во случај над 3км оддалеченост, по износ на месечен јавен превоз)

- обезбеден топол оброк

- исплата на регрес за годишен одмор согласно услови за стекнување на правото на регрес

- исплата на новогодишен надоместок

- доброволно приватно здравствено осигурување

- награда за присутност

- награди и бонуси согласно покажани резултати

 

Ве очекуваме!

ЛТХ Леарница е работодавач со еднакви можности и ги охрабрува кандидатите од сите средини да аплицираат. Го цениме времето и трудот вложени во секоја апликација, но само квалификуваните кандидати ќе бидат контактирани за интервју.

Апликацијата со кратка биографија поднесете ја на нашата веб-страница https://www.lthcastings.com/кариера со кликнување на слободното работно место, најдоцна до 31.7.2025.

*Со аплицирањето кандидатите се согласуваат нивните професионални биографии да бидат задржани во базата на човечки ресурси вкупно 120 дена и нивна обработка за потребите на процесот на селекција и вработување.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · hr вести · забава · здравје · hr совети · блог
барај огласи за вработување »