Интернационален Картичен Систем АД Скопје лого

Оператер за изработка и пакување на картички

Плата од 35.000 ден. до 45.000 ден.

Оператер за изработка и пакување на картички

Персонализација на платежни картички | Fintech | Payment Processing

Растеме во финтек и го зајакнуваме тимот за персонализација на платежни картички. Ако сакаш комбинација од технологија, работа со податоци и реални платежни системи, оваа улога може да биде следниот чекор во твојата кариера.

Позиција

Оператер за изработка и пакување на картички е дел од тимот кој стои зад физичкитеплатежни картички на банките. Улогата е да се обезбеди процесот на персонализација да биде точен, безбеден и навремен, во согласност со барањата на клиентите и стандардите во платежната индустрија.

Одговорности

  • Воспоставување, имплементирање, следење и одржување на процесот на персонализација на платежни картички (енкодирање, печатење и пакување), преку креирање планови во согласност со барање на банките и договорениот производствен капацитет;
  • Хардверско и софтверско конфигурирање на опремата за персонализација, како и техничко одржување на опремата;
  • Управување со залиха на платежни картички и водење на евиденција;
  • Пакување на платежни картички
  • Генерирање и едитирање на репорти
  • Поддршка на проекти за нови картични продукти на банките, како и при нова/дополнета опрема, односно при имплементирање на нови решенија;
  • Испитување на проблемите кои влијаат на производството, ескалирање на технички инциденти поврзани со персонализацијата и печатењето, како и препораки за решенија;
  • Следење на оперативноста и функционалноста на процесите до одделот;
  • Следење на работни упатства и процедурални документи.

Профил на кандидатот:

  • Оператер за изработка и пакување на картички во КаСис е комуникативна личност која има основни IT познавања.
  • Образованието кое го има стекнато е средна стручна техничка подготовка – електро/машинско образование е предност.
  • Амбициозна личност со желба за усовршување и работење во тим.
  • Подготвен за континуирано надградување во областа на платежните технологии и дигиталните плаќања.
  • Способност за логичко расудување, чувство за прецизност и педантност.
  • Нашиот иден техничар го владее англискиот јазик (читање, пишување и говорење).

Што нудиме

  • Работа во компанија со повеќегодишно присуство во payment industry, која соработува со банки и финансиски институции во регионот.
  • Експозиција кон fintech околина, card personalization технологии и специјализирана опрема.
  • Динамична, професионална средина со јасно дефинирани одговорности и реално влијание врз квалитетот на услугите.
  • Средина која поддржува учење, развој и иницијатива и во која резултатите се препознаваат и се вреднуваат.
  • Услови за работа и бенефити согласно интерните политики на компанијата, детално презентирани во процесот на селекција.

За КаСис

Интернационален Картичен Систем – КаСис АД е независен процесор сертифициран од меѓународни картични шеми (Mastercard, Visa, Discover/Diners, American Express) со 25 годишно присуство во платежната индустрија. Компанијата обезбедува услуги за електронски плаќања, процесирање трансакции со платежни картички, персонализација на картички и поддршка на банки и финансиски институции во регионот, со силен фокус на сигурност, квалитет и усогласеност со индустриски стандарди.

Како да аплицираш

Доколку се препознаваш во описот и те интересира fintech и payment processing, аплицирај или приложи CV на [најави се за да го видиш е-маилот] , најдоцна до 31.01.2026 година.

Само кандидатите кои ќе бидат избрани во потесен избор ќе бидат контактирани за интервју. Сите апликации се третираат со строга доверливост.

Заштита на лични податоци

КаСис АД замолува во апликациите да не се доставуваат чувствителни лични податоци (националност, вероисповест, детали за приватен живот). Со доставување на апликацијата се смета дека кандидатот се согласува КаСис да ги обработува личните податоци за потребите на процесот на вработување, при што согласноста може да се повлече во било кое време согласно важечките политики за заштита на лични податоци на компанијата, преку барање до [најави се за да го видиш е-маилот]

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · hr вести · забава · здравје · hr совети · блог
барај огласи за вработување »