Бараме Web Admin / E-commerce асистент (full time – Скопје)
Крусел расте, а со тоа расте и потребата од личност што ќе внесе ред, прецизност и добра организација во секојдневното работење со онлајн нарачки.
Бараме одговорна, организирана и комуникативна личност за позиција Административен асистент за онлајн нарачки, со фокус на административна поддршка, внес и следење на нарачки и комуникација со клиенти.
Што ќе работиш:
- внес и обработка на нарачки во систем
- следење и администрација на статус на нарачки
- комуникација со клиенти по телефон и онлајн
- подготовка и креирање на онлајн нарачки
- координација со магацин, достава и останати оддели
- ажурирање на податоци поврзани со клиенти, нарачки и производи
- поддршка во секојдневни административни задачи поврзани со е-продажба
Што очекуваме:
- добра организација и внимание на детали
- компјутерска писменост и сигурност во работа со системи
- одговорност, точност и брзина во работа
- комуникативност и професионален однос со клиенти
- способност за работа во динамична средина
- претходно искуство во администрација, продажба или e-commerce е предност
Што нудиме:
- full time работа во стабилна компанија
- динамична и организирана работна средина
- воведување и поддршка во работните процеси
- можност за долгорочен развој и напредување
Вашата биографија испратете ја преку копчето Аплицирај.