
За компанијата: Аспектус Фарма е иновативна и кооперативна компанија со висок интегритет, што и овозвожува високо квалитетно производство на лекови и воспоставување партнерства со глобалните фармацевтски компании за да...
повеќе за компанијата »АСПЕКТУС ФАРМА ДОО ТИРЗ Бунарџик - Илинден е Фармацевтска Компанија која е ориентирана кон високо квалитетно производство на лекови во Република Северна Македонија.
Раководител на фармацевтска регулатива
Задолжително е пријавените кандидати да ги исполнуваат следните услови:
- Образование: ВСС образование – Фармацевтски факултет ( Специјалист по фармацевтска регулативa).
- Познавање на Националната и Европската фармацевтска регулатива;
- Најмалку 3 години работно искустви во регистрација на лекови;
- Фокусиран на истражувачки активности;
- Позвање на Англиски јазик;
- Познавање на MS Office.
Одговорности и работни задачи:
- Креирање на Регистрационо досие за лекови (CTD);
- Пост-маркетиншко одржување на производот (обнова на постапка на ставање на лек во промет, варијации);
- Пратење на законската регулатива во Македонија, околните земји и Европа (Закон за лекови и медицински помагала на РМ, Правилници, Трошковник);
- Комуникација со регулаторни и овластени органи;
- Комуникација со производители на активна супстанција во врска со барањата кои се однесуваат на фармацевтска легислатива;
- Следење на клинички студии (Студија за биоеквиваленца);
- Одговорен за изработка на процедури за сектор Фармацевтска регулатива.
Од кандидатите за бараната позиција се очекува да ги поседуваат следните вештини, способности и лични особини:
- Организираност и ефикасност;
- Способност за тимска работа;
- Работа со дадени рокови;
- Следење на интерните правила и процедури;
- Самоиницијативност и самокритичност;
Услови кои ги нудиме:
- Почетна нето плата од 45.000 денари, во зависност од искуството на кандидатот може да се определи повисока плата;
- Организиран превоз;
- Воведни обуки на вработените.
Работа во една смена од 07:30 - 15:30 часот, од понеделник до петок.
Дополнителни информации:
Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови, своите биографии можат да ги испратат на е-маил: [најави се за да го видиш е-маилот]
Слични огласи »