СЕПТИМА лого

Стручен соработник (комерцијален соработник)

За компанијата: Септима ДООЕЛ Скопје е приватна компанија основана 2000 година. Дејност на компанијата е промет на големо со фармацевтски производи, медицински помагала, диететски суплементи, козметички и хемиски производи и останати производи од асортиманот потребни за аптека. повеќе за компанијата »
  • Објавен пред 12 часа
  • СЕПТИМА
  • Активен до 30.04.2026
  • Позиција: Фармацевт/Фармацевтски техничар
  • Локација: Цела Македонија
  • Телефон: 02/3060-175
  • Веб: www.septima.com.mk/

Друштво за увоз - извоз и трговија на големо СЕПТИМА ДООЕЛ Скопје бул.3-та Македонска бригада бр.92 - Скопје го проширува својот тим и распишува оглас

Реномирана компанија од областа на дистрибуција на лекови, медицински средства и козметички препарати бара амбициозни луѓе, подготвени со својот личен став и знаење да дадат придонес во работењето на компанијата.

Ви нудиме позитивна работна атмосфера со можност за понатамошно надградување и развивање на кариерата.

Ако сте позитивни, со изразени аналитички способности, одговорни и имате желба за понатамошно стручно усовршување и стекнување на практични знаења во комплексно работно окружување, да бидете постојано во контакт со нови технологии применети во пракса, пријавете се на огласот за работно место

СТРУЧЕН СОРАБОТНИК (комерцијален соработник) 

повеќе извршители за Скопје, Централна, Источна и Западна Македонија

Потребни квалификации:

  • VII-1 степен на стручна подготовка : Фармацевтски , Медицински, Стоматолошки или Ветеринарен факултет
  • Со или без работно искуство во промоција на фармацевтски производи  

Опис на работата:

  • Секојдневна посета на лекари и фармацевти
  • Промоција и презентација на производите
  • Изработка и имплементација на маркетинг планови и реализација на зададени цели
  • Редовни извештаи од теренската работа
  • Следење и анализа на фармацевтскиот пазар
  • Учество и организирање на стручни и едукативни собири

Потребни вештини и способности:

  • Одлични комуникациски и презентациски способности
  • Организираност и одговорност кон доверените работни задачи
  • Флексибилност и способност за тимско работење
  • Активност во согласност со етичките кодекси и националните закони
  • Спремност да се носи со предизвици и кратки работни рокови
  • Активно познавање на англиски јазик
  • Одлично познавање на MS Office
  • Возачка дозвола Б категорија

Ние нудиме:

  • Работа во амбициозен и професионален тим
  • Континуирана едукација и стимулативна работа

Доколку ги исполнувате наведените критериуми и сте заинтересирани за работа во динамично опкружување, Ви нудиме одлични услови за работа, обука како и можност за искажување на своите професионални способности.

Ве молиме Вашето CV да го доставите најдоцна до 30.04.2026 год. на e-mail:  [најави се за да го видиш е-маилот]

Ќе бидат контактирани само кандидатите кои ќе влезат во потесниот круг на избор

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · hr вести · забава · здравје · hr совети · блог
барај огласи за вработување »