
За компанијата:
Нептун е бренд име на компанијата Нептун Македонија ДОО Скопје, основана во 1998 година, која во 1999 година станува дел од Нептун Интернешнал и Балфин Групација - Balkan Finance Investment Group. Нептун... повеќе за компанијата »
Секторот за Човечки ресурси за East Gate Mall, Нептун МК, Сервис МК како дел од Балфин групацијата во Македонија поради зајакнување на тимот отвара ново работно место:
СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА ПЛАТА, БЕНЕФИЦИИ И АНАЛИТИКА ЗА ЧР
(за Нептун МК и Сервис МК)
Доколку сте одговорна, енергична, лојална, посветена и тимски ориентирана личност, со соодветни квалификации, спремна за нови предизвици, аплицирајте!
ОДГОВОРНОСТИ:
Пресметка на плати
- Гарантира навремена организација на централизирана калкулација и точна пресметка на плата за сите вработени по сите основи во согласност со законската регулатива.
- Врши пресметка на сите додатоци на плата како бонуси, инсентиви, прекувремени часови, празнични часови, ноќна работа, боледувања, награди и одбитоци од плата како административни забрани и сл.
- Гарантира соодветно архивирање на сите документи во однос на пресметани плати, промени во плати, платени давачки кон државата и сл.
- Подготвува и доставува пресметки за плата кај вработените, на месечно и годишно ниво
Надоместоци
- Гарантира навремена подготовка на податоци за пресметка и исплата на надомест за годишен одмор во координација со претпоставениот.
Законска регулатива
- Ја подготвува и одржува документација за сите пишани регулативи, политики за плата и дополнителни бенефиции во согласност со компаниската стратегија и законот.
- Ги следи законските прописи во областа на плати и бенефиции.
Награди врз основа на перформанса
- Ги анализира резултатите од проценката на перформансата со цел дефинирање на платата врз основа на остварената перформанса во координација со одговорните менаџери и со одобрение од претпоставениот.
Анализа и извештаи
- Обезбедува развивање и имплементација на стандардни извештаи претходно договорени и одобрени од предпоставениот, како и аналитичка подршка на тимот за човечки ресурси и сите сектори и одделенија компанијата со одобрение од претпоставен.
Ревидирање/ревизија на плати и бенефиции
- Го води процесот на ревизија на плати во компанијата
- Обезбедува навремена имплементација на одобрените плати и/или бонус шеми.
Планирање и буџети
- Подготвува годишни планови за плати во согласност со стратегијата на компанијата
- На месечно ниво врши контрола на планираниот буџет,
- Подготвува месечни/годишни предвидувања врз основа на месечните трошоци за плати/ награди
- Предлага можни заштеди и ги комуницира до претпоставениот и топ менаџментот.
Политики и процедури
- Учествува во развојот и имплементација на политиките за плата и наградување на кадрите, Врши ревидирање и подготвување на нови процедури во однос на плати и бенефиции,
- Обезбедува адекватна комуникација и односи со вработените за сите бенефиции и дополнителни плаќања со цел подигнување на свесноста на вработените и нивното задоволство.
Посебни проекти
- Учествува во развој и имплементација на стратешки проекти на тимот за човечки ресурси.
ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:
- Висока стручна спрема, предност имаат економски науки,
- Минимум 5 години работно искуство во областа на пресметка на плати и бенефиции,
- 2 години работно искуство во аналитика во областа на човечките ресурси, ќе се смета за предност
- Одлично познавање на процесот и структурата на пресметка на плата (пожелно во интернационални компании),
- Работно искуство и познавање на процесите на персонална администрација (договори за вработување, процес на вработување, одјавување и сл.) – претставува предност
- Одлично познавање на законската регулатива во областа на работните односи, посебно во делот на пресметка на плата, социјално и здравствено осигурување, персоналната администрација, како и сродната законска регулатива,
- Развиени аналитички способности, пожелно искуство со статистички и аналитички техники,
- Прецизност, точност, ефикасност, професионална етика и одговорност,
- Одлично познавање и активно користење на MS Office - Word, Excel, Power Point, интернет, со посебен нагласок на одлично (напредно) позанавње на excel како алатка.
- Организирана, позитивна, проактивна, комуникативна личност со развиена способност за аналитичко, структурирано и логичко размислување со одлични комуникациски вештини.
Нашата компанија нуди:
- Можност за континуиран развој и напредување во кариерата
- Компетитивна плата
- Годишен бонус врз основа на оценета перформанса
- Култура на почит, отвореност, взаемно помагање и тимска работа
- Работа со тим на професионалци
Ние сме искусен, амбициозен, отворен, комуникативен, иновативен, грижлив тим, посветен на постојан развој и унапредување!
Доколку сакате да се развивате и напредувате, станете дел од нашиот тим!
Аплицирајте и испратете го вашето „Писмо на Интерес" и Вашата „кратка биографија - CV„ преку означеното поле. Огласот е активен до: 24.03.2024.
Слични огласи »